126
MK
ПОДГОТОВКА ЗА МОНТИРАЊЕ НА BASE Z2
Пред да ја монтирате основата првпат, најпрво мора да ја отстраните
пластичната лента од одделот на батеријата
(1)
на потпорната ногалка.
Основата
(2)
ќе емитува предупредувачки звучен сигнал сè додека не се
монтира правилно. Ако потпорната ногалка
(3)
се отклопи и не слушате
никаков звук, мора да ја проверите батеријата. За да ја проверите батеријата,
одделот на батеријата
(1)
што се наоѓа во задниот дел на потпорната ногалка
може да се отвори со шрафцигер. Батеријата може да се замени само со
батерија со големина CR2032.
МОНТИРАЊЕ ВО ВОЗИЛОТО
Секогаш треба да бидете сигурни дека...
•
наслоните за грб во возилото се закочени во исправена позиција,
•
кога го монтирате седиштето за автомобил на предното патничко
седиште, седиштето на возилото е приспособено што е можно поназад.
💡
Седиштето за автомобил е направено само за седишта на возило завртени
нанапред опремени со ISOFIX.
Монтирање на седиште за автомобил со Base Z2
1. Држете го притиснато контролното копче за насока на возење (D.D.C.)
(21)
надолу и проверете дали основата е приспособена за седишта за
автомобил завртени наназад барем додека детето не достигне должина
од 76 cm и возраст од 15 месеци.
2. Отворете ја потпорната ногалка
(3)
сè додека не се заклучи во
најоддалечената позиција. Ќе слушате предупредувачки звучен сигнал сè
додека потпорната ногалка не се монтира правилно
3. Ослободете ги копчињата за ослободување ISOFIX
(6)
за да ги
протегнете рачките за заклучување ISOFIX
(7)
.
💡
Копчињата за ослободување ISOFIX може да се ослободат самостојно, со
што им се дозволува на рачките за заклучување ISOFIX да се приспособат
независно.
4. Турнете ги рачките за заклучување ISOFIX
(7)
од основата онолку колку
што се отвораат.
5. Поставете ја основата
(2)
на соодветно седиште во возилото.
6. Турнете ги рачките за заклучување ISOFIX
(7)
во точките за закотвување
ISOFIX
(8)
сè додека не се заклучат во соодветната позиција и не
слушнете звук на закопчување. Бојата на двата индикатори ISOFIX
(9)
ќе
се измени од ЦРВЕНА во ЗЕЛЕНА.
7. Проверете дали основата е добро прицврстена, обидувајќи се да ја
извлечете од точките за фиксирање ISOFIX
(8)
.
8. Турнете ја основата
(2)
кон наслонот за грб на седиштето на возилото сè
додека не се порамни целосно со наслонот за грб.
💡
Движењето на основата од една на друга страна, исто така ќе придонесе
за нејзино подобро прицврстување на наслонот за грб на возилото.
9. Притиснете го копчето за приспособување на потпорната ногалка
(10)
и
извлечете ја ногалката сè додека не го допре подот на возилото.
10. Повлечете ја потпорната ногалка
(3)
нанадвор до следната позиција за
фиксирање за да обезбедите оптимално пренесување на силата.
11. Индикаторот на потпорната ногалка
(11)
ќе стане ЗЕЛЕН кога потпорната
ногалка ќе се постави правилно на подот на возилото и кога ќе
престанете да го слушате предупредувачкиот звучен сигнал.
12. Поставете го седиштето за автомобил на основата
(2)
.
13. Седиштето за автомобил е фиксирано во правилна позиција кога ќе
слушнете звук на „ЗАКЛУЧУВАЊЕ“.
14. Проверете дали индикаторот за заклучување на седиштето
(12)
на
основата е ЗЕЛЕН.
15. За да постигнете најдобра можна заштита, активирајте ја линеарната
заштита од странични удари
(13)
на страната на детското седиште што е
завртена кон вратата на возилото. За да го направите тоа, притиснете го
копчето за отпуштање на L.S.P
(14)
.
💡
Седиштето за автомобил може исто така да се употребува и без
активирана L.S.P, ако во возилото нема доволно простор. За да ја
активирате, притиснете го копчето за отпуштање на L.S.P и истовремено
затворете ја L.S.P
ОТСТРАНУВАЊЕ ОД ВОЗИЛОТО
1. За да го отклучите седиштето за автомобил од основата
(2)
повлечете ја
рачката за ослободување на седиште
(15)
нагоре.
2. Навалете го благо седиштето и подигнете го од основата
(2)
.
3. Отклучете ги рачките за заклучување ISOFIX
(7)
на двете страни
притискајќи ти истовремено на копчињата за отпуштање ISOFIX
(6)
и
влечејќи ги наназад.
4. Извлечете ја основата
(2)
од точките за закотвување ISOFIX
(8)
.
5. Отстранете ја основата
(2)
и турнете ги рачките за заклучување ISOFIX
(7)
целосно наназад во нивните транспортни позиции.
Содержание Sirona Z2 i-SIZE
Страница 104: ...102 BG CYBEX GmbH Riedingerstr 18 95448 Bayreuth 3 go cybex online com manufacturer warranty car seats...
Страница 130: ...128 MK CYBEX GmbH Riedingerstr 18 95448 Bayreuth 3 go cybex online com manufacturer warranty car seats...
Страница 155: ...HY 153 10 11 15 76 5 4 30 C CYBEX GmbH Riedingerstr 18 95448 3 go cybex online com manufacturer warranty car seats...
Страница 172: ......
Страница 173: ......