Македонски |
137
Bosch Power Tools
1 609 92A 10J | (11.12.14)
Македонски
Безбедносни напомени
Општи безбедносни напомени
Причитајте ги сите напомени за предупредување и
инструкции коишто се приложени на машината за
мелење зачини и употребениот електричен апарат.
Грешките настанати како резултат од непридржување
до безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и
за во иднина.
Безбедносни напомени за машини за мелење зачини
Грижливо постапувајте со машината за мелење зачини.
Производот може да се оштети доколку се удри или падне и од
многу мала висина.
Машината за мелење зачини држете ја подалеку од влага
(мокри раце, дожд итн.) и екстремна топлина (изложеност на
сончеви зраци, жешки површини, извори на топлина итн.).
Производот може да се оштети.
Не ставајте предмети во механизмот за мелење и мелете само
намирници коишто се наменети за мелење во машината.
Производот може да се оштети.
Безбедносни напомени за одвртувачи со машини за
мелење зачини
Секогаш поставувајте го одвртувачот заедно со машината за
мелење зачини на рамна и стабилна подлога.
При пад, постои
опасност од повреда.
OBJ_BUCH-1716-003.book Page 137 Thursday, December 11, 2014 11:11 AM