Македонски |
69
Bosch Power Tools
1 609 92A 1RE | (19.4.16)
повече, трябва да се събират отделно и да бъдат подлагани
на подходяща преработка за оползотворяване на съдър-
жащите се в тях суровини.
Акумулаторни или обикновени батерии:
Li-Ion:
Моля, спазвайте указанията в раз-
дел „Транспортиране“, страница 68.
Правата за изменения запазени.
Македонски
Безбедносни напомени
Безбедносни напомени за батериската
светилка
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност.
Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме прочитајте ги и внимавајте на
безбедносните напомени и упатства, што се
приложени на батеријата или електричниот апарат.
Постапувајте грижливо со батериската светилка.
Батериската светилка создава јака топлина, која може
да доведе до зголемена опасност од пожар или
експлозија.
Со батериската светилка не работете во околина
каде има опасност од експлозија.
По автоматското исклучување на батериската
светилка, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување.
Батеријата може да се
оштети.
Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
Користете само оригинална Bosch опрема.
Не го покривајте копчето за светло, доколку
батериската светилка е вклучена.
Главата на
светилката се затоплува со текот на работата и може да
предизвика изгореници, доколку се акумулира
топлина.
Не ги користете батериските светилки во
сообраќајот.
Батериските светилки не се дозволени за
осветлување во сообраќајот.
Пред било каква интервенција на батериската
светилка (на пр. монтажа, одржување итн.) како и
при транспорт и складирање, извадете ја батеријата
од батериската светилка.
Не им дозволувајте на децата да ја користат
батериската светилка.
Таа е наменета за
професионална употреба. Децата можат од
невнимание да се заслепат себе си или другите лица.
ВНИМАНИЕ! Не гледајте долго во зракот
светлина.
Оптичкото зрачење може да им
наштети на очите.
Одржувајте минимално растојание на
батериската светилка до сите осветлени
површини и предмети.
Ако нема доволно
растојание, осветлените предмети може да
се прегреат.
Оваа батериска светилка не е наменета за
користење од страна на деца и лица со ограничени
физички, сензорни или ментални способности или
со недоволно искуство и знаење.
Оваа батериска светилка може да се користи од
деца над 8 години и лица со ограничени физички,
сензорни или ментални способности или со
недоволно искуство и знаење, ако тие се
надгледувани од страна на лице одговорно за
нивната безбедност или се обучени за безбедно
ракување со батериската светилка и ги разбираат
поврзаните опасности.
Инаку постои опасност од
погрешна употреба и повреди.
За носење и израмнување на батериската светилка
користете ја само рачката за носење.
Разладното
тело може да се загрее за време на употребата.
Не ја отворајте батеријата.
Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага.
Постои опасност од
експлозија.
Неупотребената батерија држете ја подалеку од
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални
предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите.
Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика
изгореници или пожар.
При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош.
Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
OBJ_BUCH-2712-002.book Page 69 Tuesday, April 19, 2016 2:10 PM