Македонски |
267
За
повторно вклучување
ставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување
(3)
во исклучена позиција и
одново вклучете го електричниот алат.
Ограничување на стартната струја
(GWS 12-125 CIP / GWS 12-125 CIEP /
GWS 15-125 CIP / GWS 15-125 CIEP / GWS 15-150 CIP)
Електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
електричниот алат и овозможува работа на осигурувач од
16‑A.
Напомена:
Доколку електричниот алат стартува веднаш
по вклучувањето со полн број на вртежи,
ограничувањето на стартната струја и заштитата од
рестартирање не работат. Електричниот алат мора
веднаш да се испрати во сервисната служба, видете ги
адресите во дел „Сервисна служба и совети при
користење“.
Константна електроника
(GWS 12-125 CIP / GWS 12-125 CIEP /
GWS 15-125 CIP / GWS 15-125 CIEP / GWS 15-150 CIP)
Константната електроника држи постојан број на вртежи
при празен од и оптоварување и овозможува иста
постојана јачина при работењето.
Одредување на број на вртежи
(GWS 12-125 CIEP / GWS 15-125 CIEP)
Со вртливото копче за одредување на бројот на вртежи
(4)
можете да го изберете потребниот број на вртежи и за време
на користењето на алатот. Податоците во приложената табела се препорачани вредности.
Материјал
Примена
Алат за вметнување
Позиција на вртливото копче
за подесување
Метал
Отстранување на боја
Брусен лист
2−3
Дрво, метал
Четкање, вадење 'рѓа
Лончести четки, лист за
брусење
3
Метал, камен
Брусење
Брусна плоча
4−6
Метал
Грубо брусење
Брусна плоча
6
Метал
Сечење
Брусна плоча за сечење
6
Камен
Сечење
Дијамантски диск за сечење и
лизгачки водилки (сечењето на
камен е дозволено само со
лизгачки водилки)
6
Зададените вредности за степенот на вртежи се референтни вредности.
u
Утврдената брзина на дополнителната опрема мора
да биде најмалку еднаква на максималната брзина
означена на електричниот алат.
Дополнителната
опрема која работи побрзо од утврдената брзина може
да експлодира и да се распрска насекаде.
Совети при работењето
u
Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
u
Внимавајте на процепите во носечките ѕидови
„Напомени за статика “.
u
Затегнете го делот што се обработува, доколку не
налегнува сигурно со својата тежина.
u
Не го оптоварувајте многу електричниот алат,
додека не дојде во состојба на мирување.
u
По силното оптоварување, оставете го
електричниот алат уште неколку минути во празен
од, за да се излади.
u
Електричниот алат не го користете со држач за
сечење.
u
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
сечење додека не се оладат.
Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Грубо брусење
u
Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење
за грубо брусење.
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо
брусење ќе добиете најдобри резултати при работењето.
Поместувајте го електричниот алат напред и назад со
умерен притисок. Притоа, делот што се обработува нема
да се вжешти, да се ја промени бојата и нема да има
бразди.
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема)
може да обработувате заоблени површини и профили.
Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолг
рок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски
температури при брусењето отколку вообичаените
брусни плочи.
Bosch Power Tools
1 609 92A 6PP | (23.06.2021)
Содержание GWS Professional 12-125 CIEP
Страница 3: ... 3 0 mm 4x 4x A Bosch Power Tools 1 609 92A 6PP 23 06 2021 ...
Страница 4: ...4 6 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 10 10 11 12 13 14 15 16 16 15 1 609 92A 6PP 23 06 2021 Bosch Power Tools ...
Страница 5: ... 5 6 18 17 19 26 20 6 21 25 10 22 23 14 15 16 24 Bosch Power Tools 1 609 92A 6PP 23 06 2021 ...
Страница 357: ... 357 standard Inox standard Metal Bosch Power Tools 1 609 92A 6PP 23 06 2021 ...
Страница 362: ...IV 1 609 92A 6PP 23 06 2021 Bosch Power Tools ...