140
| Македонски
За
фиксирање
на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување
(3)
притиснете ја
блокадата
(2)
.
За да го
исклучите
електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување
(3)
одн.
доколку тој е блокиран, кратко притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување
(3)
и потоа
отпуштете го.
u
Пред употребата проверете го алатот за полирање.
Алатот за полирање мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку 1 минута без
оптоварување. Не користете оштетени,
нетркалезни или алати за полирање што вибрираат.
Оштетените алати за полирање може да експлодираат
и да предизвикаат повреди.
Одредување на број на вртежи
Со вртливото копче на бројот на вртежи
(1)
може да го
изберете потребниот број на вртежи и за време на
користењето на алатот. Неопходниот број на вртежи
зависи од материјалот и работните услови и може да се
одреди при практична примена.
Позиција на копчето за
подесување
Број на вртежи во празен
од (min–1)
1
600
2
800
3
1100
4
1400
5
1700
6
2100
u
Утврдената брзина на дополнителната опрема мора
да биде најмалку еднаква на максималната брзина
означена на електричниот алат.
Дополнителната
опрема која работи побрзо од утврдената брзина може
да експлодира и да се распрска насекаде.
Константна електроника
Константната електроника држи постојан број на вртежи
при празен од и оптоварување и овозможува иста
постојана јачина при работењето.
Фин старт
Електронскиот фин старт го ограничува вртежниот
момент при вклучување и го зголемува рокот на траење
на моторот.
Совети при работењето
u
Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
u
Затегнете го делот што се обработува, доколку не
налегнува сигурно со својата тежина.
u
Не го оптоварувајте многу електричниот алат,
додека не дојде во состојба на мирување.
u
По силното оптоварување, оставете го
електричниот алат уште неколку минути во празен
од, за да се излади.
u
При работењето држете го електричниот уред само
на рачката и на дополнителната рачка. Алатот за
вметнување може да дојде во контакт со скриени
струјни кабли или сопствениот кабел.
Контактот со
струјниот кабел може да ги стави металните делови на
уредот под напон и да доведе до електричен удар
(види слика
A
).
Полирање
За полирање на лакови оштетени од времето или
полирање на гребнатини (на пр. акрилно стакло)
електричниот алат може да се опреми со соодветните
алати за полирање како јагнешко крзно за полирање,
филц или сунѓер за полирање (опрема).
При полирањето изберете низок број на вртежи (степен
1–2), за да избегнете прекумерно загревање на
површината.
Доколку сакате да полирате, нанесете ја политурата на
помала површина. Средството за полирање нанесете го
со соодветен алат за полирање со вкрстени и кружни
движења и масивен притисок.
Оставете да се исуши средството за полирање на
површината, инаку таа би можела да се оштети. Никогаш
не ја изложувајте исполираната површина на директни
сончеви зраци. Редовно чистете ги алатите за полирање,
за да обезбедите добри резултати од полирањето.
Исперете ги алатите за полирање со благ детергент и
топла вода, не користете средства за разредување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
u
Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
u
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
u
При екстремни услови на примена, доколку е
возможно секогаш користете уред за всисување.
Издувувајте ги почесто отворите за проветрување
и приклучете заштитен прекинувач за
диференцијална струја (PRCD).
При обработка на
метали, во внатрешноста на електричниот алат може
да се собере спроводлива прав. Може да се оштети
заштитната изолација на електричниот алат.
Складирајте и третирајте го приборот со внимание.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од
Bosch
или специјализирана
продавница за
Bosch
-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
1 609 92A 3S8 | (11.08.2021)
Bosch Power Tools