Македонски |
113
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни напомени
и упатства.
Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за дупчење во дрво, метал,
керамика и пластика. Електричните алати со електронска
регулација и тек лево/десно се исто така погодни за
завртување и сечење на навои.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1)
Запчеста глава за дупчење
(2)
Прекинувач за менување на правецот на вртење
(3)
Прекинувач за вклучување/исклучување
(4)
Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(5)
Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
(6)
Клуч за затегнување на главата за дупчење
(7)
Рачка (изолирана површина на рачката)
(8)
Бит за одвртувач
A)
(9)
Универзален држач за битови
A)
(10)
Сигурносна завртка за запчестата глава за
дупчење
(11)
Клуч со внатрешна шестаголна глава
A)
A)
Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Дупчалка
GBM 13 HRE
Број на дел/артикл
3 601 K49 6..
Номинална јачина
W
550
Излезна моќност
W
285
Број на вртежи во празен
од
min
-1
0–550
Макс. број на вртежи при
преоптоварување
min
-1
450
Номинален вртежен
момент
Nm
5
Дијаметар на грлото на
вретеното
mm
43
Дупчалка
GBM 13 HRE
Макс. дупка-Ø
– Челик
mm
13
– Дрво
mm
40
– Алуминиум
mm
20
Опсег на затегнување на
главата
mm
1,5–13
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014
kg
2,1
Класа на заштита
/ II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно
EN 62841-2-1
.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со A
типично изнесува:
84
dB(A); ниво на звучна јачина
95
dB(A). Несигурност K =
5
dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збир на
три насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 62841-2-1
:
Дупчење во метал: a
h
=
3,5
m/s
2
, K=
1,5
m/s
2
Завртување: a
h
<
2,5
m/s
2
, K=
1,5
m/s
2
Сечење навои: a
h
<
2,5
m/s
2
, K=
1,5
m/s
2
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Bosch Power Tools
1 609 92A 5AG | (27.08.2019)
Содержание GBM 13 HRE
Страница 3: ... 3 A 1 2 5 7 5 6 3 4 5 6 1 A B Bosch Power Tools 1 609 92A 5AG 27 08 2019 ...
Страница 4: ...4 8 9 1 10 1 11 1 11 1 C D E F 1 609 92A 5AG 27 08 2019 Bosch Power Tools ...
Страница 158: ...158 2 607 990 050 S 41 1 613 001 003 1 612 025 020 1 608 571 062 1 609 92A 5AG 27 08 2019 Bosch Power Tools ...