Македонски |
121
Bosch Power Tools
1 609 92A 2H2 | (17.8.16)
сервисна служба за електрични апарати на Bosch.
Доколку продолжниот кабел е оштетен, заменете
го.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста
на електричниот апарат.
Одржувајте ги дршките суви, чисти и не ги
замастувајте.
Замастените дршки се лизгаат и може да
доведат до губење на контролата.
Приклучете го електричниот апарат на прописно
заземјена струјна мрежа.
Приклучницата и
продолжниот кабел мора да имаат функционален
заштитен проводник.
Не користете прибор што не е специјално предвиден
и препорачан од производителот на овој електричен
апарат.
Не Ви е загарантирана безбедната употреба,
само заради фактот дека приборот може да се
прицврсти на вашиот електричен апарат.
Дозволениот број на вртежи на алатот што се
вметнува мора да биде исто толку висок како
највисокиот број на вртежи наведен на
електричниот апарат.
Приборот кој се врти побрзо од
дозволеното може да се скрши и да летне од апаратот.
Не користете оштетени алати за вметнување. Пред
секоја употреба проверете ги брусните тркала дали
се искинати и со пукнатини. Доколку ви падне
електричниот апарат или алатот што се вметнува,
проверете дали е оштетен или пак употребете
неоштетен алат за вметнување. Откако сте го
провериле и ставиле алатот за вметнување, не им
дозволувајте на лицата да бидат во близина на
нивото на вклучениот апарат и оставете го апаратот
да врти една минута на највисок број на вртежи.
Повеќето од оштетените алати за вметнување ќе се
скршат во текот на овој пробен период.
Користете го електричниот алат само со заштита од
искри 10.
Искрите може да ги оштетат Вашите очи или
може да предизвикат пожар на објектите во таа
околината.
Свртете ја заштитата од искри 10 при брусење колку
што може надолу.
При брусењето на материјали
настанува опасност од искрите што летаат.
Проверете го секогаш растојанието помеѓу
основата на предметот за обработка 11 односно
држачот на заштитата од искри 9 кон брусното
тркало и и евентуално прилагодете го. Растојанието
кон брусното тркало не смее да биде поголемо од
2 mm.
При поголемо растојание не сте доволно
заштитени од искрите што летаат. Предметот за
обработка може да биде повлечен преку ротационото
движење на брусното тркало и да предизвика повреди.
Водете го предметот само доколку е вклучен
електричниот алат и исклучете го електричниот
алат, откако ќе го тргнете предметот за обработка.
Предметот за обработка може одеднаш да се
придвижи.
Предметот за обработка никогаш не го водете
спротивно на страната на ротирачкото брусно
тркало и секогаш брусете од напред.
Предметот за
обработка може да биде повлечен преку ротационото
движење на брусното тркало и да предизвика повреди.
Не го фаќајте никогаш брусното тркало на
електричниот алат кога е во движење.
Ова може да
доведе до тешки повреди.
Не ги кочете брусните тркала со страничен
притисок.
Предметот за обработка може да биде
повлечен преку ротационото движење на брусното
тркало и да предизвика повреди.
Носете работна престилка. Внимавајте на тоа, да
нема лица во близина на искрите што летаат.
Отстранете ги запаливите материјали што се во
близина.
При брусењето на материјали настанува
опасност од искрите што летаат.
Одржувајте ја чистотата на работното место.
Мешавините на материјали се особено опасни. Правта
од лесен метал може да се запали или експлодира.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација
на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
користите електричниот апарат.
Ознаки и нивно значење
Не посегнувајте со рацете во полето на
брусното тркало, додека работи
електричниот алат.
При контакт со
брусното тркало постои опасност од
повреда.
Носете заштита за слухот.
Изложеноста
на бучава може да влијае на губењето на
слухот.
Носете заштитни очила.
Носете маска за заштита од прав.
Носете заштитни ракавици.
OBJ_BUCH-1501-005.book Page 121 Wednesday, August 17, 2016 1:14 PM