Македонски |
277
во споредба со идеален топлински емитер (црни тела, степен на емисија ε = 1) и
изнесува вредност помеѓу 0 и 1.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
u
Проверете го мерниот уред пред секоја употреба.
При видливи оштетувања
или олабавени делови во внатрешноста на мерниот уред, безбедното
функционирање не е повеќе загарантирано.
Мерниот алат складирајте го и транспортирајте го само во соодветен сад или во
оригиналното пакување. Не лепете налепници во близина на сензорот на мерниот
алат.
Одржувајте ја чистотата на мерниот уред, за да може добро и безбедно да работите.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со сува, мека крпа. Не користете средства за чистење
или раствори.
При чистењето во мерниот алат не смее да навлезе течност.
Мошне внимателно исчистете ја приемната леќа
(2)
и излезниот отвор за ласер
(1)
:
Внимавајте на тоа, да нема влакненца на приемната леќа или на излезниот отвор за
ласер. Не се обидувајте со остри предмети да ја отстраните нечистотијата од
приемната леќа и не ја бришете (опасност од нејзино гребење). По потреба, можете
нечистотијата внимателно да ја издувате со безмаслен компримиран воздух.
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот алат во оригиналното
пакување.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и
одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија
и информации за резервните делови исто така ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате
прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-
цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Bosch Power Tools
1 609 92A 7MA | (10.06.2022)