174
| Македонски
1 609 92A 2MM | (19.7.16)
Bosch Power Tools
Батериите полнете ги само со полначи кои се препорачани од
производителите.
Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен вид
батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот производ од Bosch.
Само
на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или
шрафцигер или надворешно влијание.
Може да дојде до внатрешен краток
спој и батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира или да се прегрее.
Не ја принесувајте батериската светилка близу пејсмејкери.
Магнетот на батериската светилка создава поле, кое може да ја
наруши функцијата на пејсмејкерите.
Батериската светилка држете ја подалеку од магнетски носачи на
податоци и уреди осетливи на магнет.
Поради влијанието на магнетот, може
да дојде до неповратно губење на податоците.
Не ја поставувајте батериската светилка на плафон со помош на
магнетите за прицврстување.
Доколку падне, постои опасност од повреда.
Проверете дали магнетот за прицврстување може стабилно да ја држи
батериската светилка.
Доколку падне, постои опасност од повреда.
Опис на производот и моќноста
Употреба со соодветна намена
Батериската светилка е наменета за преносливо, просторно и временски
ограничено осветлување во сув внатрешен и надворешен простор и не е погодна
за вообичаено осветлување на простории.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на
батериската светилка на графичката страница.
1
Глава на светилката
2
Батерија*
3
Копче за отклучување на батеријата*
4
Карабинер
5
Потпорен држач
6
Магнет за прицврстување
OBJ_BUCH-2909-001.book Page 174 Tuesday, July 19, 2016 2:15 PM