134 / MK
Блендер / Упатство за употреба
4
Чистење и одржување
4.1 Чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊА:
•
Немојте да користите бензин, растворувачи,
абразивни средства за чистење, метални предмети
или тврди четки за да го исчистите апаратот.
•
Внимавајте додека го чистите делот со
сечилото. Сечилото (9) е остро. Трудете се да не
го држите од страната каде што е сечилото и не го
потопувајте во вода.
•
Не ги чистете сечилата со голи раце.
•
Чистете го блендерот по секоја употреба. Не
дозволувајте остатоците од храна да се исушат на
или во блендерот. Така потешко ќе се исчисти.
•
Не користете врела вода. Лежиштата
на склопката за сечилото имаат функција на
долготрајно подмачкување. Ако користите врела
вода, овие лежишта ќе се оштетат и ќе се намали
животниот век на блендерот.