Совет за зачувување на
храната
Замрзнувачот е наменет за одржување на
храната замрзната подолг период, како и
за замрзнување свежа храна.
Еден од главните елементи за успешно
замрзнување храна е амбалажата.
Главните услови коишто амбалажата мора
да ги исполнува се следните: да не
пропушта воздух, да биде инертно во
однос на спакуваната храна, да биде
отпорна на ниски температури, да не
пропушта течности, масни работи, водени
испарувања, миризби и да може да се мие.
Овие услови се исполнуваат со следните
типови на амбалажа: пластична или
алуминиумска фолија, пластични или
алуминиумски садови, картонски или
пластични кутии.
ВАЖНО!
-
Ве молиме употребувајте ги
испорачаните корпи на уредот за да
замрзнувате свежа храна.
-
Не ставајте премногу големи количини
храна одеднаш во замрзнувачот.
Квалитетот на храната најдобро се
зачувува кога се замрзнува длабоко колку
што е можно поскоро. Затоа се
препорачува да не се надминува
капацитетот на замрзнување на уредот
наведен во „
Таблата за производот“.
-
Свежата храна не смее да дојде во
контакт со храната што е веќе замрзната.
-
Замрзнатата храна што сте ја купиле
може да ја ставате во замрзнувачот без да
го приспособувате термостатот.
-
Ако не е споменат датумот на
замрзнување на амбалажата, ве молиме
земете предвид период од макс. 3 месеци
како генерална ориентација.
-
Храната, дури и делумно одмрзната не
може повторно да се замрзнува, мора
веднаш да се конзумира или да се зготви и
потоа повторно да се замрзне.
-
Газираните напитоци не треба да се
чуваат во замрзнувачот.
-
Не отворајте ја вратата во случај на
снемување струја. Замрзнатата храна нема
да се растопи ако нема струја помалку од
30 часа.
Замрзнување со супер-мраз
• Поставете го регулаторот во позицијата
за супер-мраз. Засветува сијаличката за
супер-замрзнување.
• Почекајте 24 часа.
• Ставете ја свежата храна во
замрзнувачот. Храната треба да се допира
со внатрешните ѕидови кога ќе се стави во
замрзнувачот за да се постигне брзо
замрзнување.
• Одликата за супер-мраз автоматски се
префрлува на процедурата за брзо
замрзнување по 50 часа.
Важно
Компресорот нема да се префрли уште
неколку минути кога ќе го ставите
регулаторот во позицијата за супер-
мраз. Ова е заради интегрираниот
прекинувач за одложување на напливот
којшто е дизајниран за да го зголеми
векот на траење на единицата за
ладење.
Не смеете да ја вклучувате функцијата за
супер-мраз:
-
кога ставате замрзната храна во
замрзнувачот;
-
кога замрзнувате околу 2 кг. свежа храна
дневно.
67
МК
Упатство за употреба
Содержание HS210530N
Страница 2: ......
Страница 8: ...2 3 4 5 ...
Страница 91: ......
Страница 92: ...4578338701 AB EN PL CZ SK BG LV LT SR BiH SQ MK EL ET www beko com ...