
14 /41 MK
Фрижидер/Упатство за употреба
Инсталација
4.5 Поврзување на водата
(по избор)
A
Исклучете
го производот од струја од
пумпата за вода (ако има) во
текот на поврзувањето.
Овластен сервисер мора да ги
изведе поврзувањата за доводот
на вода, филтерот и бардакот.
Производот може да се поврзе за
бардак или директно на довод за
вода зависно од моделот. За да ја
направите поврзувањето, прво мора
да го поврзете цревото за вода со
производот.
Проверете дали следните делови се
доставени со моделот на производот:
1.
Конектор (1 парче): Се користи за
поврзување на водоводното црево одзади
на производот.
2.
Стегалка за цревото (3 парчиња): Се
користат за фиксирање на цревото за
вода за ѕидот.
3.
Црево за вода (1 парче, 5 метри со
дијаметар од 1/4’’): Се користи за
поврзување на водата.
4.
Адаптер за славина (1 парче): Има
порозен филтер којшто се користи за
поврзување на довод за ладна вода.
5.
Филтер за вода (1 парче, *по избор): Се
користи за приклучување на доводот за
вода со производот. Филтерот за вода не
е потребен ако има поврзување со бардак.
3
1
4
2
*5
4.6 Поврзување на
водоводното црево
за производот
Следете ги наводите подолу за да
го поврзете водоводното црево за
производот.
1.
Извадете го конекторот на адаптерот со
држачот на цревото одзади на производот
и протнете го цревото низ конекторот.
2.
Притиснете го цревото за вода надолу
цврсто и поврзете го адаптерот на
држачот за цревото.
3.
Затегнете го рачно конекторот за да го
фиксирате на адаптерот. Може да го
затегнете конекторот и со клуч за цевки
или со клешти.