![Beko GN1406231XBN Скачать руководство пользователя страница 360](http://html.mh-extra.com/html/beko/gn1406231xbn/gn1406231xbn_user-manual_2724704360.webp)
4 /40MK
Фрижидер / Упатство за употреба
Важни упатства во однос на безбедноста и животната средина
6.
Не дозволувајте деца да си играат со
стариот производ.
•
Кога го фрлате, не уништувајте го
производот со горење. Постои ризик
од експлозија.
•
Ако има брава на вратата на
производот, чувајте го клучот
подалеку од дофат на деца.
1.3 Безбедност во
однос на струјата
•
Производот не смее да се вклучува
во штекер за време на инсталација,
одржување, чистење, поправка и
транспортни активности.
•
Ако кабелот е оштетен, треба да го
замени овластен сервис за да се
избегнат можните ризици.
•
Не пикајте го кабелот под
производот или на задниот дел
од производот. Не ставајте тешки
предмети на кабелот. Кабелот
за напојување не треба да биде
свиткан, згмечен и да дојде во
контакт со извор на топлина.
•
Не користете продолжен кабел,
мулти-приклучница или адаптер за
производот.
•
Мобилните мулти-приклучници
или други слични електрични
производи можат да се прегреат и
да предизвикаат пожар. Затоа, не
користете мулти-приклучница зад
или во близина на производот.
•
Штекерот треба да е лесно
достапен. Ако тоа не е можно,
треба да се инсталира механизам
кој е во согласност со соодветните
закони за струја, а кој ги исклучува
сите терминали од главниот извор
на струја (осигурувач, прекинувач,
главен прекунувач итн.
•
Не допирајте го штекерот со мокри
раце.
•
Кога го исклучувате апаратот, не
држете го кабелот, туку штекерот.
1.4 Безбедност
при ракување
•
Овој производ е тежок, не ракувајте
сами со него.
•
Не држете го производот за врата
додека ракувате со производот.
•
При ракување со производот,
внимавајте да не го оштетите
системот за разладување
и цевките. Не работете со
производот ако се оштетени
цевките и контактирајте овластен
сервис.
1.5 Безбедност
при инсталација
•
Контактирајте го овластениот
сервис за инсталирање на
производот. За да го подготвите
поризводот за инсталирање,
погледнете ги информациите во
упатството за употреба и проверете
дали електричниот и водниот
систем се како што треба. Доколку
инсталацијата не е соодветна,
јавете се на квалификуван
електричар и водоводџија за да ги
направат потребните аранжмани.
Во спротивно, може да дојде со
струен удар, пожар, проблеми со
производот или повреди.
•
Пред да го инсталирате, проверете
дали производот е оштетен. Не
инсталирајте го производот ако е
оштетен.
•
Ставете го производот на рамна
и цврста површина и израмнете
го со приспособливи ногалки.
Инаку, фрижидерот би можел да се
преврти и да предизвика повреди.
•
Производот треба да се инсталира
во сува и вентилирана средина. Не
ставајте ќилими, черги или слични
подни прекривки под поризводот.
Тоа може да претставува ризик
од пожар поради нессодветна
вентилација!