27
•
Ако производот биде поврзан
директно за доводот на струја:
Ако не е можно да се прекинат сите
полови на доводот на струја, мора да
се поврзе и единица за прекинување
со најмалку 3 mm слободен простор
за контакт (осигурувачи, сигурносни
прекинувачи, контактори) и сите полови
на оваа единица мора да бидат во
близина на производот (не над него)
во согласност со IEE директивите.
Пропустот да се следи ова упатство
може да води до проблеми во
работењето на производот и
гаранцијата може да изгуби важност.
•
Се препорачува дополнителна заштита
со додатен прекинувач на струја.
Ако производот е произведен со
кабел и приклучок
•
Вашиот производ е произведен
со електричен кабел и приклучок.
Ставете го приклучокот на производот
во заземјен штекер и поврзете го со
електричната мрежа.
Ако производот е произведен со
кабел но без приклучок
•
Поврзете го кабелот на производот со
доводот на струја како што е наведено
подолу:
- Кафеав/црн кабел = L (фаза)
- Плав кабел = N (нулти)
- Зелен/жолт кабел = (E)
(заземјување)
Ако производот е произведен без
кабел и приклучок
Електричен кабел со карактеристики
наведени во табелата со технички
спецификации мора да биде поврзан со
производот со следење на упатствата.
Електричниот кабел не смее да биде
подолг од 2 m поради безбедносни
причини.
•
Отворете го со шрафцигер капакот на
терминалот.
•
Вметнете го електричниот кабел во
држачот за кабел под терминалот и
прицврстете го со интегриран шраф
за главниот елемент на делот за
придржување на кабелот.
•
Поврзете ги каблите според дадениот
дијаграм.
- N = Нулти (Плав)
- L = Активен-Фаза (Кафеав/црн)
- E = Заземјување
(Зелен/жолт)
- C = Стегач на кабелот
•
После поврзувањето на жиците,
затворете го капакот на терминалот.
•
Поврзете го електричниот кабел за
доводот на струја така што ќе му
направите патека да не го допира
производот и да не се гмечи помеѓу
производот и ѕидот.
Заштита од евентуален пожар!;
•
Погрижете се сите електрични
поврзувања да бидат безбедни и
цврсти за да се избегне опасност од
искри.
•
Не користете оштетени електрични или
продолжни кабли.
•
Погрижете се местото на електрично
поврзување да нема никаков допир со
течност или влага.
Местење и фиксирање на
производот (Слика 5)
•
Ставете го уредот врз елементот
на мебелот, при што треба да го
центрираат две или повеќе лица.
•
Фиксирајте го производот за мебелот
со помош на приложените шрафови.
(Слика 5)
•
На крајот на инсталирањето, проверете
дали шрафовите се добро прицврстени
и производот добро фиксиран. Ако
производот не е инсталиран во
согласност со упатствата и шрафовите
не се добро прицврстени, постои
опасност производот да се преврти
додека се користи.
Содержание Beyond BBIM12400XPS
Страница 2: ...2 Ø 3 5 x 22mm x2 ...
Страница 3: ...3 594 595 547 20 572 558 min 550 min 560 600 A min 560 min 500 30 min 35 100 3 1 2 ...
Страница 79: ......
Страница 84: ...R AE 14 04 2021 385 4400 83 التثبيت تعليمات התקנה הוראות AR HE ...