Автоматско подмачкување на ланецот
Оваа пила со ланец е опремена со автоматски
систем за подмачкување со погон на запчаник. Тој
систем автоматски ја снабдува шината и ланецот
со потребната количина на масло. Штом моторот
забрза и маслото тече побрзо кон плочата на
шината.
Подмачкувањето на ланецот е поставен
оптимално фабрички.
Доколку се потребни накнадни нагодувања,
донесете ја пилата во овластена служба за
клиенти.
На долната страна од пилата со ланец се наоѓа
завртката за нагодување на подмачкувањето на
ланецот (сл. 26/ поз. A). Вртењето налево го
намалува подмачкувањето на ланецот, вртењето
надесно го зголемува подмачкувањето на
ланецот.
За проверка на подмачкувањето на ланецот,
држете ја пилата со ланецот над лист хартија и
дајте неколку секунди полн гас. На хартијата
може да се провери актуелно нагодената
количина на масло.
7.2.7 Одржување на ланецот
Острење на ланецот
За острење на ланецот потребни се специјални
алати, кои обезбедуваат острење на ножевите со
вистински агол и со вистинска длабочина. За
неискусниот корисник на пили со ланци
препорачуваме, ланецот да биде наострен од
страна на стручно лице во соодветната служба за
клиенти во вашето место. Доколку сметате дека
можете да вршите острење на вашиот ланец,
купете ги специјалните алати од
професионалната служба за клиенти.
Острење на ланецот (сл. 22)
Острете го ланецот со заштитни ракавици и
округла турпија, ø 4,8 mm. Острете ги врвовите
само со движења насочени кон надвор (сл. 23) и
почитувајте ги вредностите согласно сл. 22.
По острењето, сите делови за сечење мора да
бидат подеднакво мазни и долги.
Внимание:
Секој остар ланец прави фино
оформени струготини. Ако ланецот при сечењето
создава ситен материјал, тогаш мора да се
наостри.
По 3-4 пати острење на сечивата, мора да ја
проверите висината на граничниците на
длабочина и, по потреба, со рамна турпија да ги
поставите подлабоко, а потоа да го заоблите
предниот агол (сл. 24).
Затегнатост на ланецот
Редовно проверувајте го затегањето на ланецот и,
по потреба, вршете накнадно штелување, за
ланецот да лежи тесно на шината, но
истовремено и да биде доволно лабав, за да
може да се влече со рака (види и точка 5.3).
Разработување на нов ланец
Секој нов ланец и шина мора да биде накнадно
штелувани по помалку од 5 сечења. Тоа е
нормално во текот на разработувањето, а
растојанијата помеѓу идните накнадни штелувања
ќе станат поголеми.
Внимание:
Никогаш не отстранувајте повеќе
од 3 дела од еден ланец. Во спротивно запците би
можеле да се оштетат.
Подмачкување на ланецот
Уверувајте се постојано, дека автоматскиот
систем за подмачкување функционира исправно.
Внимавајте на тоа, постојано да имате наполнет
резервоар со масло.
Во текот на работата со пилата, шината и ланецот
постојано мора да бидат доволно подмачкани, за
да се намали триењето со водечката шина.
Шината и ланецот никогаш не смеат да бидат без
масло.
Доколку работите со пилата на суво или со многу
малку масло, се намалува учинокот при
сечењето, работниот век на ланецот станува
пократок, ланецот брзо затапува и шината многу
се изабува како последица на прегревање. Дека
има премногу малку масло се забележува по тоа
што се појавува дим или промена на боја на
шината.
7.3 Чување
Внимание!
Не кревајте ја пилата со ланец
подолго од 30 дена, без да ги преземете следните
чекори.
95
MK
Anleitung_BPC_1235_1_SPK7__ 18.01.16 08:17 Seite 95