62
Ракување - за корисникот и за специјализираниот техничар
ВНИМАНИЕ горење
При работа со претходно загреана вода, на пр.
соларен систем, температурата на топлата вода
може да се разликува од саканата температура.
3.
Опис на уредот
Уредот ја загрева водата, додека таа струи низ него.
Истечната температура на топлата вода може конти
-
нуирано да се нагодува преку копчето за нагодување
на температурата. Од одредена проточна количина,
зависно од температурно нагодување и од темпера
-
турата на судената вода, регулацијата го вклучува
потребниот капацитет на греење.
При ниски приливни температури и при висока сака
-
на температура, протокот автоматски се придушу
-
ва преку активираниот вентил за ограничување на
протокот. Така се обезбедува сигурно постигнување
на саканата температура. При работа со пред-загре
-
ана вода, од 45 °C на екранот се појавува приказот
ERROR.
Копче за нагодување на температурата
Со вртење на копчето за нагодување можете кон
-
тинуирано да ја нагодувате саканата температура.
Нагодената температура се гледа на екранот. Тем
-
пературното подрачје за нагодување е наведено во
поглавјето „Технички податоци“.
Тастери за меморија 1 и 2
Со овие тастери можете брзо да повикате две раз
-
лични температури. Овие температури можете Вие
да ги утврдите.
ECO- тастер
Со овој тастер ја вклучувате и исклучувате функција
-
та ECO. Кога ќе ја вклучите функцијата ECO, се пали
зелената ЛЕД под тастерот. Покрај ова, на екранот
се прикажува ECO-симболот.
Функцијата ECO ја ограничува проточната количина
на ECO-проток и нагодува зададена ECO-темпера
-
тура. Двете вредности можат да се прилагодуваат
преку инфо-менито.
Секое поместување на температурата на уредот
(со копчето за бирање температура или преку
тастерите за меморија) води до откажување на
функцијата ECO. Потоа, функцијата ECO мора по
потреба повторно да ја вклучите.
Доколку ја избирате температурата преку радио-та
-
стерот за температура, функцијата ECO повторно
самата ќе се вклучи и по изведено црпење.
INFO-мени
Со притискање на ECO-тастерот влегувате во менито
INFO и таму можете индивидуално да си ги нагоду
-
вате функциите на удобност и/или да ги исчитувате
вредностите (погледнете го поглавјето „Избирање
ECO“) Нагодување на ECO-температури/проточна
количина, блокада за деца, бањска програма, авто
-
матика за количина на водата. Преку ECO-тастерот
можете да ги утврдите и осветленоста на екранот и
ориентациското светло.
Можности за штелување ќе ги добиете кога ќе го при
-
тискате ECO-тастерот подолго од три секунди.
Но ако го притискате ECO-тастерот повеќепати, ќе
влегувате во наредните функции.
Кога ќе ја постигнете саканата функција, нагодувања
-
та на функцијата можете да ги менувате со вртење на
копчето за нагодување на температурата.
Далечинско управување со помош на
радио-тастерот за температура
Уредот можете далечински да го управувате преку
радио-тастер за температура. Емитерот е водоотпо
-
рен и може да се користи и при туширање или капење.
Може да се комбинираат до четири радио-тастери
за температура. Со радио-тастерот за температура
можете да влијаете на температурата оддалече
-
ни од уредот (на пример од мијалникот за садови).
Радио-тастерот има 4 тастери (38° и 55° се утврдени;
со можност за менување во чекори од по + и - 0,5°)
за избор на температурата. Емитувањето на сигна
-
лите до уредот се прикажува на радио-тастерот за
температура со палење на црвената ЛЕД. Емитерот
е водоотпорен и може да се користи и при туширање
или капење.
Ако уредот е во ECO-режимот, со притискање на
некој тастер од радио-тастерот за температура
ECO-функцијата се отповикува до следното црпење.
Две минути по завршување на точењето, системот
се враќа во режимот ЕКО. Ако уредот е во нормален
режим, можно е трајно температурно нагодување
преку радио-елементот за ракување (погледнете го
поглавјето „Радио-тастер за температура“).
Динамична заштита од попарување
Уредот има динамична заштита од попарување. Ко
-
рисникот, кој прво ќе избере температура на уредот
или на радио-тастерот за температура, ја утврдил
температурата за следното црпење. Во наредните
две минути по или за време на црпењето, или во
наредните две минути по завршување на црпењето,
никој друг корисник не може да ја зголеми темпера
-
турата преку 43 °C.
Блокада за деца
Уредот можете да го вклучите на некоја максимална
температура (погледнете го поглавјето „Блокада за
деца“).
Бањска функција на удобност
Бањската функција на удобност можете да ја наго
-
дите континуирано, така што по три минути црпење,
температурата ќе се спушти за 10 °C, па по 10 секунди
пак ќе се покачи. По уште 10 секунди, температурата
повторно ќе падне за 10 °C и по 10 секунди пак ќе
се покачи (погледнете го поглавјето „Нагодување на
бањската функција на удобност“). Ова наизменично
менување на температурата трае до крајот на цр
-
пењето.
Автоматика за количината на водата
Можете да нагодите автоматика за количината на
водата, којашто по одредена црпена количина го
намалува протокот на околу 4 l/min (погледнете го
поглавјето „Нагодување на автоматика за количи
-
ната на водата“). На тој начин можете да влијаете
на количината на водата, а со тоа и на траењето на
туширањето. Нагодената автоматика за количината
на водата важи само за следниот процес на црпење.
Осветление на позадината на екранот
Екранот во уредот е опремен со осветление на по
-
задината. Кога нагодувате температури до 42,5 °C,
осветлението на позадината свети сино, а на темпе
-
ратури од 43,0 °C екранот се менува во црвено.
Позадината на екранот се пали кога ги притискате
тастерите, кога го вртите копчето за нагодување на
температурата или кога водата тече низ уредот со
проток поголем од количината за вклучување.
Ако 30 секунди нема повлекување или ракување, ос
-
ветлението на позадината се гаси (само кај избрано
исклучено светло за ориентација).
Содержание DDLE OKO TD 18
Страница 99: ...99 Для заметок ...