88
обработуваат можат да предизвикаат тешки повреди и
оштетувања.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков
и да е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад
и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат
старите батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик
од краток спој).
Користете исклучиво AL1214G3 за полнење на батерии
од L1215G3, L1220G3. Не користете батерии од друг
систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте
ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во
контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во
случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку
10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување!
За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои
содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат
краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Безжичниот моментен клуч моче да биде користен за
затегање или одвртување на навртки и шрафови секаде
каде не е достапно напојување.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под
"Технички податоци" опишаниот производ е во склад со
сите релевантни прописи од регулативата 2011/65/EU
(RoHS), 2014/30/EU, 2006/42/EC и следните
хармонизирачки нормативни документи:
EN 62841-1:2015
EN 62841-2-2:2014
EN 55014-1:2017
EN 55014-2:2015
EN 50581:2012
Winnenden, 2018-10-15
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
УПОТРЕБА
Совет: Се препорачува секогаш по прицврстувањето да
го проверите затезниот момент со динамометрички
клуч.
Затезниот момент е под влијание на различни фактори,
вклучувајќи ги и следните фактори.
• Состојба на полнење на батеријата - Кога батеријата е
испразнета, напонот паѓа и затезниот момент се
намалува.
• Брзини - Користењето на алатот при мала брзина
доведува до помал затезен момент.
• Положба за прицврстување - Начинот на држење на
алатот или сврзувачкиот елемент влијае на затезниот
момент.
• Завиткан или вметнат приклучок - Користењето на
завиткан или вметнат приклучок со погрешна големина
или користењето на опрема што не е отпорна на удари го
намалува затезниот момент.
• Користење на опрема и продолжни елементи - Во
зависност од опремата или продолжниот елемент, може
да се намали затезниот момент на ударната шрафилица.
• Завртка/навртка - Затезниот момент може да варира во
зависност од дијаметарот, должината и класата на
јачината на завртката/навртката.
• Состојба на сврзувачките елементи - Контаминирани,
кородирани, суви или подмачкани сврзувачки елементи
може да влијаат на затезниот момент.
• Деловите кои треба да се навртуваат - Јачината на
деловите кои треба да се навртуваат и која било
компонента меѓу нив (сува или подмачкана, мека или
тврда, завртка, заптивка или подлошка) може да влијаат
на затезниот момент.
ТЕХНОЛОГИИ ЗА ПРИЦВРСТУВАЊЕ
Колку подолго се навртува болтот, завртката или навртката
со ударната шрафилица, толку поцврсто тие се затегнати.
За да избегнете оштетување на сврзувачите елементи или
работните парчиња, избегнувајте прекумерно траење на
навртуванјето.
Бидете посебно внимателни кога работите на помали
сврзувачки елементи, затоа што тие бараат помал број на
удари за да се постигне оптимален затезен момент.
Вежбајте со различни сврзувачки елементи и запомнете го
времето што ви е потребно за да го достигнете саканиот
затезен момент.
Проверете го затезниот момент со рачни динамометрички
клуч.
Ако затезниот момент е премногу висок, намалете го
времето на удар.
Ако затезниот момент е недоволен, зголемете го времето
на удар.
Маслото, нечистотијата, рѓата или другите загадувачи на
навојот или под главата на сврзувачкиот елемент влијаат
на затезниот момент.
Вртежниот момент што е потребен за олабавување на
сврзувачкиот елемент е во просек од 75% до 80% од
затезниот момент, зависно од состојбата на контактните
површини.
Зашрафете малку со релативно низок затезен момент и
користете рачни динамометрички клуч за финално
затегнување.
МАКЕДОНСКИ
470 175 - BSS12G3.indd 88
470 175 - BSS12G3.indd 88
29.04.2019 09:10:17
29.04.2019 09:10:17
Содержание BSS12G3
Страница 5: ...5 10 11 6 470 175 BSS12G3 indd 5 470 175 BSS12G3 indd 5 29 04 2019 09 10 09 29 04 2019 09 10 09 ...
Страница 7: ...7 1 2 470 175 BSS12G3 indd 7 470 175 BSS12G3 indd 7 29 04 2019 09 10 10 29 04 2019 09 10 10 ...
Страница 9: ...9 470 175 BSS12G3 indd 9 470 175 BSS12G3 indd 9 29 04 2019 09 10 10 29 04 2019 09 10 10 ...
Страница 10: ...10 LOCK 470 175 BSS12G3 indd 10 470 175 BSS12G3 indd 10 29 04 2019 09 10 10 29 04 2019 09 10 10 ...
Страница 11: ...11 1 2 470 175 BSS12G3 indd 11 470 175 BSS12G3 indd 11 29 04 2019 09 10 10 29 04 2019 09 10 10 ...