16
Спуштање
ОДРЖУВАЊЕ
Брзината на спуштање е контролирана од
степенот до кој ја вртите рачката. Внимателно
спуштајте, избегнувајќи ненадејно ослободување.
·ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Уверете се дека нема луѓе
или пречки под возилото или во делот каде што
се спушта возилото.
ВАЖНО!
Само целосно квалификуван персонал треба да
се обиде да врши одржување или поправка.
• Кога дигалката не се користи, подигачот
и отворот на рачката треба да бидат на
најниски позиции за да се сведе на минимум
корозијата. Отстранете ја рачката за да ја
деактивирате дигалката.
• Одржувајте ја дигалката чиста и редовно
подмачкувајте ги сите движечки делови со
масло со добар квалитет.
• За да го проверите нивото на хидраулично
масло, целосно спуштете ја дигалката и
отстранете го приклучокот (чепот) за полначот
(Слика 2). Точното ниво на масло треба
да биде приближно 5mm под отворот на
полначот. Доколку нивото на масло е ниско,
наполнете како што е потребно. Пумпајте
на растоварената дигалка 5 или 6 пати за
да го испуштите воздухот и потоа повторно
поставете го чепот.
Забелешка: Користете масло за дигалка со добар
квалитет.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
• НЕ користете течност за сопирачки или каква
било течност освен хидраулична течност за
дигалка бидејќи ова може да предизвика
сериозна штета на дигалката и ќе ја поништи
гаранцијата!
• Пред секоја употреба, проверете дали има
скршени, напукнати, извиткани или лабави
делови, или какви било видливи оштетувања
на заварените споеви, подигачот, пумпата,
седлото, кракот за подигнување, рамката и
сите делови вклучувајќи навртки, завртки,
осовинки и други стеги, доколку биде утврден
некаков сомнителен елемент, отстранете
ја дигалката од употреба и преземете ги
потребните постапки за да го поправите
проблемот. НЕ ја користете дигалката доколку
се верува дека подлежела на ненормално
оптоварување или шок (удар). Проверете и
преземете соодветно дејство.
• На секои три месеци, отстранувајте ги
прстените за заклучување на држачите од
тркалата и подмачкувајте ги тркалачките
лежишта со маст.
• После една година честа употреба, маслото
треба да се замени со цел да се продолжи
животниот век на Вашата опрема. За
испуштање на маслото, отстранете го капачето
на полначот и вентилот. Уверете се дека
никаква нечистотија нема да навлезе во
хидрауличниот систем. Погледнете во 4.3. за
инструкции за повторно полнење.
ВАЖНО: Unipart Не Може Да Прифати
Одговорност За Неправилна Употреба На Оваа
Машина.
Доколку дигалката стане целосно неупотреблива,
истурете го маслото во одобрен сад и исфрлете
ги дигалката и маслото според локалните
прописи.
Приклучок
(чеп) за масло
Сл.2
Повлекување од употреба
Summary of Contents for 0715 54 311
Page 2: ...2...
Page 3: ...gb 4 8 rs 9 13 me 9 13 mk 14 19 al 20 24 hr 25 29 3...
Page 14: ...14 2 5 MK 0 5m...
Page 15: ...15 2 5 75 mm 5155 mm 1 2 8 9 1 1 1...
Page 16: ...16 2 5mm 5 6 4 3 Unipart 2...
Page 31: ...31...