
Дистанцерот којшто стои помеѓу заменетиот брусен диск и прирабницата треба да
биде гумена подлошка или тенка картонска подлошка.
Навртките на вретеното не стегајте ги премногу со цел прирабницата да не врши
голем притисок врз брусниот диск.
Предупредување! Користењето на друга прирабница и несоодветен брусен диск
може да значи опасност од повреда.
1.
Прирабница
2.
Тенок дистанцер
3.
Главно вретено
4.
Брусен диск
5.
Навртка
(4)
Менување на потпирачот за предметот за обработка
Ако потпирачот за предметот за обработка е изабен до дебелина под 1,5 mm, тој
треба да се замени. Обратете се кај вашиот трговец и побарајте оригинални резервни
делови. Постои опасност од повреди ако користите други резервни делови.
Надворешни услови
Електричниот уред е димензиониран за наизменичен напон од 230 V и мрежна
фреквенција од 50 Hz. Проверете дали продолжниот кабел е оштетен и дали е
правилно поврзан со дозната на мрежата за напојување и со мрежниот приклучок
на електричниот уред. Информација за изборот на правилен продолжен кабел ќе
добиете од вашиот стручен советник.
Пуштање во работа
За време на работа носете заштитни очила, заштита за уши, заштитни ракавици и
соодветна работна облека!
101
1196978 BDA WB 400 DSM.indd 101
1196978 BDA WB 400 DSM.indd 101
17.11.20 08:06
17.11.20 08:06