Предвидена употреба
Дупчалката е наменета за правење дупки во дрвен материјал, челик и камен со
користење на соодветни алатки за дупчење.
Употребувајте ја машината согласно нејзината намена! Секое користење, кое
што не е во рамките на предвидената намена, не е во согласност со намената. За
повредите од секаков тип или за штетите кои настанале поради тоа, одговорен ќе
биде корисникот, а не производителот.
Нашите уреди не се наменети за користење во работилници, занаетчиство или
во индустрија. Ако уредот се користи во работилница, занаетчиски погон или
индустриски погон, тогаш гаранцијата нема да важи.
При користењето на уредите мора да се запазат одредени безбедносни
прописи за да се спречат повреди и оштетувања. Затоа прочитајте
говнимателно упатството за употреба/безбедносните упатства. Чувајте ги
внимателно со цел информациите да ви стојат на располагање во секое
време. Ако го дадете уредот на други лица, дадете им го и упатството за
употреба/безбедносните упатсва. Не преземаме одговорност за несреќи
или штети кои настанале како резултат на непочитувањето на ова упатство
или на безбедносните упатства.
Општи безбедносни упатства за електрични алатки
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги овие безбедносни упатства, препораки,
илустрации и технички податоци, коишто се предвидени за оваа електрична
алатка. Непочитувањето на следните упатства и препораки може да предизвика
електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на безбедносните упатства и препораки во иднина.
Употребениот поим „електрична алатка“ во безбедносните совети се однесува
на електричните алатки со погон на електрична струја (со електричен кабел) и со
погон на акумулаторска батерија (без електричен кабел).
1. Безбедност на работното место
a. Работната просторија да биде чиста и добро осветлена. Нередот или
неосветлената работна просторија може да доведат до повреди.
b. Не користете ја електричната алатка во околина во која постои опасност
од експлозија, односно во која што се наоѓаат запаливи течности, гасови
или честички. Од електричните алатки излегуваат искри што може да ги запалат
честичките или пареата.
c. Децата и другите лица да стојат настрана додека се користи електричната
алатка. Ако ви го одвлечат вниманието, може да изгубите контрола врз уредот.
2. Електрична безбедност
a. Приклучокот на електричната алатка мора да биде
соодветен за дозната. Приклучокот не смее да се промени
79
1257448_BDA_WB_1010 III.indd 79
1257448_BDA_WB_1010 III.indd 79
30.09.20 07:20
30.09.20 07:20