![WORKERS BEST 12 V LI Manual Download Page 84](http://html.mh-extra.com/html/workers-best/12-v-li/12-v-li_manual_997047084.webp)
83
Избегнувајте контакт со неа. Во случај на контакт исплакнете со вода. Ако течноста
навлезе во очите, побарајте лекарска помош. Течностите кои истекуваат од
акумулаторската батерија може да предизвикаат иритација на кожата или изгореници.
6. Сервисирање
a. Поправките на електричната алатка да се вршат од страна на квалификуван
стручен персонал и со оригинални резервни делови. На тој начин се
гарантира безбедноста на електричната алатка.
7. Специјални безбедносни упатства за дупчалки, ударни дупчалки,
акумулаторски дупчалки-одвртувачи и ротирачки чекани
a. Носете заштита за уши при користењето дупчалки, ударни дупчалки,
акумулаторски дупчалки-одвртувачи и ротирачки чекани. Бучењето може
да предизвика губење на слухот.
b. Користете го дополнителниот држач доставен заедно со уредот. Губењето
контрола врз машината може да доведе до повреди.
c. Држете го уредот за изолираните делови на рачката кога вршите работи кај
кои алатката за вградување може да дојде во контакт со скриени струјни
врски. Контактот со врска која спроведува напон може да ги стави под напон и
металните делови на уредот и да доведе до електричен удар.
8. Безбедносни упатства за акумулаторски батерии/уреди за полнење
a. Уредот за полнење држете го настрана од дожд или влага. Навлегувањето на
вода во уредот за полнење го зголемува ризикот од елкетричен удар.
b. Акумулаторските батерии полнете ги само со уреди за полнење кои се
препорачани од производителот. Кај уредите за полнење кои што се наменети за
одреден вид акумулаторска батерија постои опасност од пожар ако тие се користат
за други акумулаторски батерии.
c. Не полнете туѓи акумулаторски батерии. Уредот за полнење е наменет само за
полнење на вградената акумулаторска батерија со напон наведен во техничките
податоци. Во спротивно постои опасност од пожар и експлозија.
d. Уредот за полнење секогаш да биде чист. Поради нечистотиите постои
опасност од електричен удар.
e. Уредот за полнење, кабелот и дозната проверувајте ги пред секое користење. Ако
утврдите штети не користете го уредот за полнење. Не отварајте го самиуредот
за полнење и поправките секогаш правете ги со оригинални резервни делови.
Оштетените уреди за полнење, кабли и дозни го зголемуваат ризикот од електричен удар.
f. Уредот за полнење не користете го на лесно запаллива подлога (пр. хартија,
материјал и сл.) одн. во запалливо опкружување. Поради топлината која се
појавува кај уредот за полнење за време на полнењето постои опасност од пожар.
g. При погрешна употреба може да истече течност од акумулаторската батерија.
Избегнувајте контакт со неа. Во случај на контакт, исплакнете со вода. Ако
течноста навлезе во очите, побарајте лекарска помош. Течностите кои истекуваат од
акумулаторската батерија може да предизвикаат иритација на кожата или изгореници.
h. Не отварајте ја акумулаторската батерија. Постои опасност од куса врска.
1252650_BDA 12 V LI.indd 83
1252650_BDA 12 V LI.indd 83
28.01.21 11:43
28.01.21 11:43