82
4. Употреба и управување со електричната алатка
a. Не оптоварувајте ја електричната алатка. Користете ја електричната алатка
со соодветна намена за вашата работа. Со соодветната електрична алатка ќе
работите подобро и посигурно во дадената работна област.
b. Не користете електрична алатка чијшто прекинувач е дефектен.
Електричната алатка којашто повеќе не може да се вклучува или исклучува, е
опасна и мора да се однесе на поправка.
c. Извлечете го приклучокот од штекер и/или отстранете ја акумулаторската
батерија пред да правите приспособување на електричната алатка,
менување на додатоците или нејзино складирање. Оваа безбедносна мерка
го спречува непланираното вклучување на уредот.
d. Електричните алатки што не ги користите чувајте ги надвор од дофат на
деца. Не дозволувајте алатката да ја користат лица кои не се запознаени со
начинот на работа на алатката или пак ги немаат прочитано овие упатства.
Електричните алатки се опасни кога ги користат неискусни лица.
e. Внимателно одржувајте ја електричната алатка и алатките за вградување.
Проверувајте дали подвижните делови на електричната алатка
функционираат беспрекорно и дали се заглавуваат, дали се скршени или
оштетени со што би влијаеле врз функционирањето на алатката. Сменете
ги оштетените делови пред повторно да ја користите електричната алатка.
Многу несреќи настануваат поради лошо одржување на електричните алатки.
f. Чувајте ги алатките за сечење остри и чисти. Грижливо одржуваните алатки за
сечење, кои имаат остри рабови на сечилата, помалку се блокираат и се полесни
за управување.
g. Користете електрична алатка и алатки за вградување
согласно овие препораки. Притоа, земете ги предвид работните услови
и работата која треба да ја реализирате. Користењето електрични алатки
за други намени различни од предвидената може да доведе до опасни ситуации.
h. Рачките и нивните површини треба да бидат суви, чисти и незагадени со
масло и маснотии. Лизгавите рачки и делови за држење спречуваат безбедно
ракување и контрола на електричната алатка во непредвидени ситуации.
5. Употреба и управување со алатката со акумулаторска батерија
a. Акумулаторските батерии полнете ги само со уреди за полнење кои се
препорачани од производителот. Кај уредот за полнење којшто е наменет за
одреден вид акумулаторска батерија постои опасност од пожар ако тој се користи за
други акумулаторски батерии.
b. За електричните алатки користете ги само акумулаторските батерии кои се
предвидени за нивната употреба. Користењето други акумулаторски батерии
може да доведе до повреди и опасност од пожар.
c. Акумулаторската батерија која што не ја користите, држете ја настрана од
хефталици, монети, клучеви, игли, шрафови или други мали метални предмети
коишто можат да предизвикаат премостување на контактите. Краткиот спој помеѓу
контактите на акумулаторската батерија може да предизвика изгореници или пожар.
d. При погрешна употреба може да истече течност од акумулаторската батерија.
1252650_BDA 12 V LI.indd 82
1252650_BDA 12 V LI.indd 82
28.01.21 11:43
28.01.21 11:43