Прописна употреба
mk
Упатство за вградување и работа Wilo-Control EC/ECe-Booster
523
▪ Секогаш кога работите на производот, тој треба да биде исклучен од струја и да е
осигуран од повторно вклучување.
▪ Внимавајте на локалните регулативи во однос на приклучувањето за струја.
▪ Придржувајте се до податоците овозможени од локалната служба за
електродистрибуција.
▪ Заземјете го производот.
▪ Придржувајте се до техничките податоци.
▪ Веднаш заменете го дефектниот кабел за поврзување.
2.4
Уреди за надгледување
Заштитна склопка на вод
Големината и карактеристиките на прекинувачот на заштитната склопка на вод,
се одредува според номиналната струја на поврзаниот потрошувач. Внимавајте на
локалните прописи.
2.5
Инсталација/демонтажа
▪ Придржувајте се до важечките закони и прописи за работна безбедност и за
спречување несреќи на местото на примена.
▪ Производот треба да биде исклучен од струја и да е осигуран од повторно
вклучување.
▪ Употребувајте соодветен материјал за прицврстување за основата на
располагање.
▪ Производот не е отпорен на вода. Изберете соодветно место за инсталација!
▪ Не искривувајте го куќиштето при инсталација. Заптивањата може да пропуштаат
и да ја загрозат наведениот вид на заштита IP.
▪
Не
инсталирајте го производот во подрачја со ризик од експлозија.
2.6
За време на работата
▪ Производот не е отпорен на вода. Придржувајте се до видот на заштита IP54.
▪ Температура на околината: 0 ... 40 °C.
▪ Максимална влажност на воздухот: 90%, некондензирачка.
▪ Не отворајте ја приклучната табла.
▪ Лицето што ракува со производот мора веднаш да го пријави секој дефект или
неправилност кај одговорното лице.
▪ Во случај на оштетувања на производот или на кабелот за поврзување, веднаш
исклучете го производот.
2.7
Одржување
▪ Не употребувајте агресивни или абразивни средства за чистење.
▪ Производот не е отпорен на вода. Не потопувајте го во течности.
▪ Треба да се врши одржување само како што е опишано во ова Упатство за
вградување и работа.
▪ Кога вршите одржување или поправка, треба да користите само оригинални
делови од производителот. Ако употребите други неоригинални делови,
производителот нема да преземе одговорност за производот.
2.8
Обврската на раководителот
▪ Да го снабди персоналот со Упатство за вградување и работа на својот јазик.
▪ Да утврди дали персоналот го има потребното познавање за дадената работа.
▪ Да ги одржува читливи безбедносните таблички или табличките со напомени.
▪ Да го упатува персоналот околу принципот на работа на постројката.
▪ Да ги елиминира сите опасности од електриката.
▪ Да ги дефинира работните задачи на персоналот за да се овозможи безбеден тек
на работата.
Забрането е деца и лица под 16 години или со ограничени физички, сензорни или
ментални способности да ракуваат со производот! Лицата под 18 години треба да
бидат надгледувани од стручно лице!
3
Прописна употреба
Приклучната табла служи за управување независно од притисокот со најмногу
три пумпи:
▪ Control EC-Booster: нерегулирани пумпи со фиксен број на вртежи
▪ Control ECe-Booster: електронски регулирани пумпи со варијабилен број на
вртежи
Откривањето на сигналот се прави преку сензор за притисок.
Прописната употреба вклучува и придржување до овие упатства. Секое
отстапување од нив се смета за непрописно.
Summary of Contents for Control EC-Booster
Page 2: ......
Page 46: ...de Anhang 46 WILO SE 2019 07 Legende R nur Lesezugriff RW Lese und Schreibzugriff ...
Page 606: ...nl Bijlage 606 WILO SE 2019 07 Legenda R alleen leestoegang RW lees en schrijftoegang ...
Page 692: ...pl Załącznik 692 WILO SE 2019 07 Legenda R tylko dostęp odczytu RW dostęp odczytu i zapisu ...
Page 1208: ......
Page 1209: ......
Page 1210: ......