VIVAX
MK
Добродојдовте
Ви благодариме на купувањето на аудио уредот VIVAX BS‐251. Ве молиме
внимателно да ги прочитате и следите сите упатства наведени во овој прирачник
за лесно да го користите овој производ. Ви препорачуваме ова упатство да го
чувате на сигурно и познато место за во случај на потреба да можете да го
користите во иднина.
Доколку ги следите сите упатства сигурни сме дека ќе бидете задоволни со вашиот
нов Micro Аудио систем.
ВАЖНИ СИГУРНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Кога овој уред ќе се користи правилно согласно со ова упатство, уредот е
дизајниран и произведен така што е потполно сигурен за користење. Меѓутоа,
неправилно користење може да предизвика потенциална опасност како што е
електричен удар или пожар. Прочитајте ги сите упатства за сигурност и користење
внимателно пред инсталација и користење, и држете го ова упатство при рака за
во иднина. Придржувајте се до сите предупредувања наведени во ова упатство и
на уредот.
ВНИМАНИЕ: ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ОПАСНОСТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР, НЕМОЈТЕ ДА
ГО ОТВАРАТЕ УРЕДОТ. ВО УРЕДОТ НЕМА ДЕЛОВИ ИЛИ ПАРЧИЊА КОЈ СЕ
НАМЕНЕТИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ ОД СТРАНА НА КРАЈНИОТ КОРИСНИК. ЗА
ПОПРАВКА КОНТАКТИРАЈТЕ ГО ОВЛАСТЕНИОТ СЕРВИС.
1.
Вода и влага
– Уредот не смее да се користи во близина на вода или преголема
влага, пр. во близина на када, машина за садови, базен или во влажен подрум.
2.
Вентилација
– Уредот требада го поставите така што нема да ја попречувате
правилната вентилација на уредот. Пр. уредот не смее да се става на кревет,
тросед, тепих и слични површини кој можат да ги блокираат вентилациските
отвори. Истотака, не смее да се става во вградена инсталација, како полица за
книги или ормар, кој можат да ја попречат или го блокираат протокот за воздух
низ вентилациските отвори.
3.
Топлина
– Уредот сместете го подалеку од извор на топлина како радијатор,
греалка, печка и друг уред ( вклучувајќи и засилувач) кој создава топлина.
4.
Извор за напојување
– Уредот приклучете го само на електрично напојување
кое е наведено во упатствата и кое е назначено на уредот (5VDC, 1A Max).
5.
Заштита на кабелот за напојување
– Кабелот за полнење треба да биде
сместен така што нема да го газите или притискате со други предмети. Немојте
да го виткате, гмечите кабелот за напојување.
6.
Чистење
– Уредот чистите го со мека крпа , лесно навлажнета во топла вода.
Немојте да користите отапала или абразивни средства. Тоа може непоправно
да го оштети уредот.
7.
Страни предмети и влез на течности
– Внимавајте страни предмети да не
паднат во уредот. Исто така внимавајте да не пролиете течност на уредот.
Доколку тоа се случи, веднаш исклучете го уредот и контактирајте го сервисот..
8.
Додатоци
– Немојте да користите било какви додатоци на уредот, освен ако не
се одобрени или препорачани од производителот.
9.
Доколку уредот не се користи
– Ако уредот нема да го користите подолг
временски период, пр. месец дена или подолго, кабелот за напојување треба
Summary of Contents for BS-251
Page 42: ...ENG VIVAX ...
Page 52: ... 0 1 1 1 1 1 2 1 34 5 46 46 78 2 1 1 1 1 9 5 1 1 1 1 1 1 1 1 1 78888 ...
Page 54: ...VIVAX ...
Page 55: ...VIVAX ...
Page 56: ......