Villager
VGP 800 (MK)
3
3.
Поставување на цевковод под притисок
Дијаметарот на цевководот под притисок мора да одговара на дијаметарот
на потисниот приклучок на пумпата. Цевководите никако не смеат да го
притискаат агрегатот мора да се прицврстат независно од него и мора да
бидат 100% затворени.
Инсталацијата не бара дополнителен неповратен вентил.
4.
Електрично приклучување
Внимавајте сите приклучоци меѓу струјното коло на електрониката и
електричните кабли на моторот да бидат правилно изведени. За да
обезбедите правилно приклучување на пумпата, видете ја електричната
шема, слика 3.
5.
Проверки пред стартувањето
Пред првото стартување на пумпата, внимавајте:
-
напонот и фрекфенцијата на мрежата да им одговараат на техничките
податоци кои се дадени на идентификациската табличка на пумпата,
-
вратилото на пумпата слободно да се врти,
-
телото на пумпата во целост да е исполнето со вода, со одвртување на
соодветниот чеп за исфрлање на воздух
-
ПУМПАТА НИКОГАШ НЕ СМЕЕ ДА РАБОТИ НА СУВО
-
ВИДЕТЕ ЈА ШЕМАТА ЗА ИНСТАЛАЦИИ
6.
Стартување на пумпата
Oтворете ги сите пропустливи вентили (засуни) во цевководот за вшмукување
и исфрлање. Вклучете го напојувањето и пумпата автоматски почнува да
работи, автоматски стартува. За ова е потребно излезната славина (чеп) да
биде отворена за да се исфрли сиот воздух кој може да биде во ситемот.
Потоа, затворете ја славината (чепот) и агрегатот автоматски ќе запре кога ќе
се постигне максималниот притисок на пумпата. Проверете дали правецот на
вртење на вратилото на пумпата е во правец на стрелките на часовникот (во
десно), гледајќи од капакот на вентилаторот, слика 2.
Aко агрегатот не сака да работи, не создава притисок или не запира
автоматски, обидете се да ја најдете причината за проблемот преку табелата
со дијагнози на дефекти која е дадена во ова упатство.
7.
Oдржување
Нашиот агрегат не бара посебно одржување. Покрај тоа, ние препорачуваме
системот да се испразни кога температурите од околината се премногу ниски
и кога постои опасност од замрзнување или ако агрегатот не се користи
подолг временски период. Aко агрегатот на пумпата не се користи на многу
подолг временски период, пумпата треба да се исчисти и да се складира на
суво, добро проветрено место.