13
MK
ДНЕВНА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Прекинот на напојување на уредот мора да биде овозможен. Од тие причини, приклучокот мора да биде достапен, по поставувањето
на уредот.
Приклучување на струја
Пред вклучувањето, проверете дали напонот и фрекфренцијата прикажани на табелата со спецификации, одговараат со напонот
на струјата во домаќинството. Уредот мора да има заземјување. Кабелот за електрично напојување е опремен со контакт за таа
намена. Доколку приклучните места во домаќинството немаат заземјување, тогаш приклучете го уредот на издвоено заземјување,
во согласност со важечките прописи; консултирајте се со квалификуван електричар. Производителот не сноси никаква одговорност,
доколку погоре наведените превентивни мерки не се зап.
Прва употреба
Чистење на внатрешноста на уредот
Пред првото користење, очистете ја внатрешноста и сите
внатрешни елементи со млака вода и неутрален сапун, како би
го отстраниле типичниот мирис на нов производ, а потоа добро
исушете го.
ВАЖНО!
Не користете детергенти или абразивни средства,
бидејќи истите можат да ја оштетат површината.
Подесување на температурата
• Вклучете го својот уред. Внатрешната температура е
регулирана со термостат. Постојат 8 нивоа на температура,
1 е најтопло ниво, 7 е најладно, и 0 значи дека уредот е
исклучен.
• Уредот можеби нема да работи на правилната температура,
ако се наоѓа во многу топло опкружување.
Пратечки елементи
Полици кои можат да се поместуваат
Ѕидовите на фрижидерот имаат низа жлебови, така да полиците
можат да се поместуваат по желба.
Подесување на полиците на вратите
Со цел да се овозможи одложување
на храна од различни величини,
полиците на вратите можат да бидат
подесени на различни нивоа. Како би
можеле да се прилагодат, потребо е
да се направи следното: постепено
спуштајте ја полицата во насока на
стречките, се додека не биде
слободна, а потоа позиционирајте ја
по потреба.
Корисни совети
Како би можеле да добиете најдобар перформанс:
• не чувајте храна или течност која испарува во фрижидерот;
• покријте ја или завиткајте ја храната, особено ако има јак
мирис;
Совети за чување на храна во
фрижидерот
• сите видови: завиткајте ги во полиетиленски ќеси и поставете
ги на стаклени плочи над фиоките за зеленчук;
• поради сигурност, храната на овој начин чувајте ја еден ден,
најмногу два;
• овошје и зеленчук: треба да бидат темелно измиени и
одложени во фиока наменета за нивно чување;
• готвените јадења, ладните јадења и сл., треба да бидат
покриени и можат да се одложат на било која полица;
• путер и сирење: треба да бидат ставени во посебни садови
кои не пропуштаат воздух, или завиткани во алиминиумски
фолии или полиетиленски ќеси, како би се отстранил што
повеќе воздух;
• шишињата со млеко/јогурт: треба да бидат затворени и да се
чуваат на полиците на вратите;
• банани, компири, лук и кромид, доколку не се спакувани, не
треба да се чуваат во фрижидерот.
Чистење
Од хигиенски причини, внатрешноста на уредот, вклучувајќи ги
и внатрешните елементи, треба да се чистат редовно.
ВНИМАНИЕ!
Уредот не смее да биде поврзан на струја во текот на чистењето.
Постои опасност од струен удар! Пред чистење на уредот,
исклучете го и прекинете го напојувањето на електрична
енергија, или исклучете ја автоматската склопка или осигурувач.
Уредот не го чистете со други чистачи на пареа. Влагата може
да се насобере во електричните компоненти и да предизвика
струен удар! Жешкото миење може да доведе до оштетување
на пластичните делови. Уредот мора да биде сув, пред повторно
да се употребува.
ВАЖНО!
Eтеричните уља и органските растворувачи можат да
ги нагризаат пластичните делови, на пример, лимонов сок, сок
од кора од портокал, карбоксилна киселина или средства кои
користат млечна киселна.
• не користете абразивни средства за чистење;
• отстранете ја храната од замрзнувачот. Храната чувајте ја на
ладно место и добро покријте ја;
• исклучете го уредот и прекинете го дотокот на електрична
енергија или исклучете ја автоматската склопка или
осигурувач;
Summary of Contents for RS2400H1
Page 2: ......
Page 9: ...9 MK 8 8 1 R600a 1 2 2 2 2 3...
Page 10: ...10 MK 4 1 2...
Page 11: ...11 MK 6 7 8 2 3 4 1 unscrew 5 Philips...
Page 12: ...12 MK 50mm SN 10 C to 32 C N 16 C to 32 C ST 16 C to 38 C T 16 C to 43 C 100 mm...
Page 13: ...13 MK 8 1 7 0 E...
Page 14: ...14 MK 1 0 2 3 4 5 6 7 0 24 24...
Page 27: ......
Page 28: ...tesla info...