42
MK
ПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА ФРИЖИДЕРОТ
Позиционирање
Ножици за нивелирање
• Пред употреба, отстранете ја целокупната амбалажа, вклучително перничињата на дното,
вклучително и влошките од пена и селотејпот во фрижидерот; Одлепете ја заштитната фолија од
вратата и телото на фрижидерот.
• Чувајте го подалеку од топлина и избегнувајте директна изложеност на сонце. Не поставувајте го
замрзнувачот на влажни или мокри места за да спречите формирање на ‘рѓа или намалување на
ефектот на изолација.
• Немојте да го прскате или миете фрижидерот; немојте да го поставувате фрижидерот на
влажни места, на кои лесно ќе дојде во контакт со вода, со цел тоа да не влијае неповолно на
електричната изолација на фрижидерот.
• Фрижидерот треба да го поставиме на добро проветрено место на затворено; подлогата треба
да биде рамна и цврста (доколку уредот е нестабилен, свртете го тркалото за нивелирање на
лево или на десно за да го наместите).
• Над горната површина од фрижидерот треба да оставите простор поголем од 30 cm, а
фрижидерот треба да го поставите до ѕид, при што помеѓу ѕидот и уредот потребно е да
оставите растојание поголемо од 10 cm, со што се олеснува проесот на ширење на топлина.
1. Мерки за претпазливост пред употреба:
Пред употреба на дополнителната опрема, потребно е да проверите дали фрижидерот е исклучен
од напојување.
Пред местење на ножиците за нивелирање, треба да се преземат мерки за претпазливост за да се
спречи секоја појава на повреди.
2. Шематски приказ на ножиците за нивелирање
3. Процедури на местење:
a. Свртете ги ножиците во насока на движење на стрелките на часовникот за да го подигнете
фрижидерот;
б. Свртете ги ножиците во насока спротивна од насоката на движење на стрелките на часовникот за
да го спуштите фрижидерот;
в. Наместете ја десната и левата ножица според горенаведените процедури така што уредот ќе стои
хоризонтално.
L
H
(Горната слика е прикажана исклучиво во илустративни цели. Реалната конфигурација ќе зависи од
конкретниот производ или изјавата на дистрибутерот)