41
MK
КОРИСНИ СОВЕТИ
Совети за замрзнување
Како би можеле што подобро да го искористите процесот на
замрзнување, Ви нудиме неколку важни совети:
• максималната количина на храна која може да се замрзне е
наведена на табелата со спецификации;
• процесот на замрзнување трае 24 часа. Во текот на тој период
не додавајте повеќе храна, која е предвидена да се замрзне;
• замрзнувајте само квалитетна, свежа и потполно исчистена
храна;
• храната треба да биде поделена во помали порции, како би
било овозможено брзо и потполно замрзнување, и како би
можела подоцна да се одмрзне само потребната количина;
• храната завиткајте ја во алуминиумски или полиетиленски
фолии и погрижете се пакувањето да не пропушта воздух;
• не дозволувајте свежата, незаледена храна да дојде во
допир со веќе заледената, како би одбегнале пораст на
температурата;
• безмастната храна се чува подобро и подолго од храната со
масти;
• доколку коцките лед се употребат веднаш штом се извадени
од замрзнувачот, можат да предизвикуваат осип (смрнатина)
на кожата;
• отстранувањето храна од делот за замрзнување може да
предизвика осип (смрзнатина) на кожата;
• се советува, на секое покување храна која е смрзната да се
наведе датум на замрзнување, да би знаеле колку долго се
чува..
Совети за чување на замрзната храна
Како би можеле да добиете најдобар перформанс од овој уред,
треба да:
• проверите, дали комерцијално замзнатата храна е адекватно
чувана од страна на нејзиниот продавач;
• погрижите храната да биде пренесена од продавницата до
замрзнувачот во најкраток можен рок;
• не ја отворајте вратата често, и не оставајте ја отворена
подолго отворена отколку што е потребно. Храната која
еднаш веќе е одмрзната брзо пропаѓа и не може да биде
повторно замрзната;
• внимавате на рокот на чување, кој е назначен од страна на
производителот.
Совети за ладење на свежа храна
Како би можеле да добиете најдобар перформанс:
• не чувајте топла храна или течност кои испаруваат во
фрижидерот;
• покриете ја или завиткајте ја храната, особено ако има јак
мирис
Совети за чување на храна во
фрижидерот
• Месо: завиткајте го во полиетиленски ќеси и ставете го на
стаклените полици над фиоките за овошје.
• поради сигурност, храната на овој начин чувајте ја еден ден,
најмногу два.
• Готвената храна, ладните јадења и сл., треба да се покријат и
можат да се одложат на било која полица.
• Овошје и зеленчук: треба да бидат темелно измиени и
одложени во фиока наменета за нивно чување.
• Путер и сирење: треба да бидат ставени во специјални
садови кои не пропуштаат воздух, или завиткани во
алуминиумски фолии или полиетиленски ќеси како би се
отстранил што повеќе од воздухот.
• Шишиња со млеко/јогурт: треба да бидат затворени и да се
чуваат во полиците на вратите.
• Банани, компир, лук и кромид, доколку не се спакувани, не би
требало да се чуваат во фрижидерот.
Чистење
Од хигиенски причини, внатрешноста на уредот, вклучувајќи ги
и внатрешните елементи, треба да се чистат редовно.
ВНИМАНИЕ!
Уредот не смее да биде поврзан на струја во текот на чистењето.
Постои опасност од струен удар! Пред чистење на уредот,
исклучете го и прекинете го напојувањето на електрична
енергија, или исклучете ја автоматската склопка или осигурувач.
Уредот не го чистете со други чистачи на пареа. Влагата може
да се насобере во електричните компоненти и да предизвика
струен удар! Жешкото миење може да доведе до оштетување
на пластичните делови. Уредот мора да биде сув, пред повторно
да се употребува.
ВАЖНО!
Eтеричните уља и органските растворувачи можат да
ги нагризаат пластичните делови, на пример, лимонов сок, сок
од кора од портокал, карбоксилна киселина или средства кои
користат млечна киселна.
• Не дозволувајте вакви супстанци за дојдат во контакт со
деловите од уредот.
• Не користете абразивни средства за чистење.
• Отстранете ја храната од замрзнувачот. Храната чувајте ја на
ладно место и добро покријте ја.
• Исклучете го уредот и прекинете го дотокот на електрична
енергија, или исклучете ја автоматската склопка или
осигурувач.
• Очистете го уредот и внатешните елементи со ткаенина
и млака вода. По чистењето исперете го со чиста вода и
исуштете го со крпа.
• Откако се ќе биде суво, повторно вклучете го уредот.
Summary of Contents for RB5101FHX1
Page 2: ......
Page 29: ...29 MK 8 3 8 8...
Page 30: ...30 MK 1 R600a 1...
Page 31: ...31 MK 1 2 2 2 2 2...
Page 32: ...32 MK 48 5 2 3 2...
Page 33: ...33 MK 4...
Page 34: ...34 MK 1 2...
Page 36: ...36 MK 1 2 3 3 4 5 6...
Page 37: ...37 MK 50mm A 900 B 660 C 1770 D min 50 E min 50 F 1800 G 1560 H 135...
Page 40: ...40 MK 3 1 4 C 18 C 4 C 18 C 4 C 18 C...
Page 41: ...41 MK 24 E...
Page 42: ...42 MK SUPER 24...
Page 69: ......
Page 70: ...tesla info...