17
MK
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
Поради сопствена безбедност и обезбедување на сигурна
употреба, пред инсталацијата и првата употреба на уредот,
прочитајте го ова Корисничко упатство, вклучувајќи ги и советите
на внимателност. Со цел да се избегнат непотребни грешки и
незгоди, важно е сите личности кои ќе го користат уредот да
бидат детално запознаени со неговите операции и безбедносни
функции. Зачувајте го ова упатство и погрижете се да биде во
целина со уредот ако истиот биде преместен или продаден,
како би, секој кој би го користел во текот на својот живот, би бил
запознат со правилната употреба и безбедноста на уредот.
Ова корисничко упатство, имајте го во предвид поради својата
лична сигурност и сигурноста на имотот, бидејќи производителот
не е одговорен за штетата која би настанала поради Ваши
направени пропусти.
Безбедност за деца и несамостојни
личности
• Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 години
и повеќе, како и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности, или со помалу искуство доколку се
под надзор или им се дадени насоки за безбедна употреба на
уредот, како и за можниот ризик.
• Децата би требали да бидат под надзор, како би биле сигурни
дека не си играат со уредот.
• Чистењето и одржувањето не би требало да го прават деца,
доколку не се на возраст од 8 години или повеќе и мораат да
бидат под задолжителен надзор.
• Целата амбалажа чувајте ја надвор од дофат на деца. Постои
опасност од гушење.
• Доколку одлучите повеќе да не го користите уредот,
прекинете го напојувањето на уредот со струја, пресечете го
кабелот за напојување (што е можно поблиску до уредот) и
отстранете ја вратата, како би спречиле можност децата при
играње да претпрат струен удар или да се затворат во уредот.
• Доколку овој уред има магнетна гума на вратата, а сакате
да ја замените на некој постар уред кој се затворал со
помош на пружина или поклопувач, тогаш оневозможете
го затворањето на стариот уред со пружина. На тој начин ќе
спречите смртоносна замка за детето.
Општа безбедност
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
• Одржувајте ги вентилационите отвори во куќиштето
на фрижидерот или во вградената структура чисти од
запушување.
• Не користете механички уреди или други предмети со цел
да го забрзате процесот на одмрзнување, освен производи
препорачани од страна на произведувачот на уредот.
• Не го оштетувајте системот за ладење.
• Не поставувајте други електрични уреди (како на пример
уред за правење на сладолед) во уредот за ладење, освен ако
производителот не ја одобрил и таа намена.
• Не ја допирајте сијалицата доколку работела подолго време,
бидејќи може да биде многу жешка.
1
• Не чувајте експлозивни супстанци, како што е амбалажа за
спреј со запаллив гас во овој уред.
• Супстанца за ладење, изобутан (R600a), се наоѓа во системот
за ладење на уредот – тоа е природен гас со високо ниво на
еколошка компатибилност, но исклучително запаллив.
• Погрижете се во текот на транспортот или поставувањето
на уредот да не биде оштетена ниту една компонента од
системот за ладење на уредот.
- избегнувајте отворен пламен и извори на запалливост
- темелно проветрете ја просторијата, каде што се наоѓа уредот
• Опасно е да се менува спецификацијата или модифицира
производот на било кој начин. Било какво оштетување на
кабелот може да предизвика краток спој, пожар и/или струен
удар.
1
Доколку постои во уредот.
2
Доколку постои дел за замрзнување.
3
Доколку постои дел за чување на свежа храна.
Овој уред е наменет за употреба во домаќинства и за случна
примена, како што се
- простории за вработени во кујна, во продавница,
канцеларија и други работни простории;
- замјоделски домаќинства, како и од страна на хотелски и
мотелски гости и други видови на вакви објекти;
- објекти кои пружаат услуга за ноќевање со доручек;
- кетеринг и слична намена.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
• Било која електрична компонента (приклучок, кабел за
напојување, компресор и сл.) мора да биде заменет од страна
на овластен сервисер или квалификуван работник.
• Сијалицата, која е доставена со овој уред, е “сијалица за
специјална намена“ и може да се користи за уредот со кој е
доставена. Оваа “сијалица за специјална намена“ не може да
се користи за куќно осветлување.
• Кабелот за напојување не смее да се продолжува.
• Проверете дали приклучокот, на задната страна на уредот е
притиснат или оштетен. Притиснат или оштетен уред може да
доведе до прегревање и да предизвика пожар.
• Погрижете се, главниот приклучок на уредот да биде
достапен.
• Не го извлекувајте главниот кабел.
• Доколку приклучокот не е фиксиран, не го приклучувајте
апаратот. Постои ризик од струен удар или оган.
• Не смеете да работите ништо на уредот доколку е без
осветлување.
• Уредот е тежок. Бидете внимателни при негово поместување.
• Не ги отстранувајте или допирајте елементите од делот за
замрзнување ако имате влажни/мокри раце, бидејќи може да
се предизвикаат гребаници или подмрзнување на кожата.
• Избегнувајте долготрајно изложување на апаратот на
директна сончева свелина.
Дневна употреба
• Не оставајте загреани предмети на пластичниот дел од
уредот.
• Не оставајте прехранбени производи позади задниот дел.
• Замрзнатата храна не смее повторно за се замрзнува, откако
ќе се растопи.
2
• Веќе спакуваната замрзната храна, чувајте ја во согласност со
инструкциите на производителот, а во врска со користење на
замрзната храна.
2
• Придружувајте се стриктно до препораките на производителот
на уредот. Придржувајте се на релевантните инструкции.
• Не оставајте газирани пијалоци во делот за замрзнување,
бидејќи тоа може да создаде притисок кој може да
предизвика пукање на амбалажата и може да доведе до
оштетување на уредот.
2
Одржување и чистење
• Пред одржувањето, исклучете го уредот или прекинете го
дотокот на електрична енергија.
• Не го чистете уредот со метални предмети.
• Не користете остри предмети, со цел да отстраните лед од
уредот. Користете пластични средства за стругање.
2
• Редовно проверувајте го одводот за одмрзната вода во
фрижидерот. Доколку е потребно, исчистете го одводот.
Доколку одводот е блокиран, водата ќе се собира на дното
од уредот.
3
Инсталација на уредот
ВАЖНО!
За приклучување на електрична мрежа, внимателно
проверети ги и следете ги упатствата дадени во посебните
делови на упатството.
• Распакувајте го уредот и проверете дали на него има
оштетувања. Не го приклучувајте уредот на струја, доколку
истиот е оштетен. Можните оштетување, веднаш пријавете ги
на местото каде што е купен уредот. Во тој случај, зачувајте ја
амбалажата на уредот.