Чистење и одржување на машината за перење
_5
Чистење и одржување на машината
за перење
ИСПУШТАЊЕ НА ВОДАТА ОД МАШИНАТА ПРИ ВОНРЕДНИ СИТУАЦИИ
1.
Исклучете ја машината од напојувањето.
2.
Отворете го капакот на филтерот со паричка или клуч.
3.
Повлечете го нанапред цревото за одвод при вонредни ситуации за да го одвоите од елементот за
прицврстување.
4.
Извадете го капачето на цревото за одвод при вонредни ситуации.
5.
Целата вода испуштете ја во сад.
Може да остане повеќе вода отколку што сте очекувале. Подгответе поголем сад.
6.
Повторно ставете го капачето на цревото за одвод при вонредни ситуации и потоа притиснете го
цревото на прицврстувачот.
7.
Вратете го капакот на филтерот.
ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ ЗА ОСТАТОЦИ
Пред да почнете да го чистите филтерот за отпадоци , проверете дали кабелот е исклучен од струја.
1.
Прво отстранете го остатокот од вода.
Ако го отстраните филтерот без да се исцеди преостанатата вода, водата може да истече надвор.
2.
Отворете го капакот на филтерот со паричка или клуч.
3.
Одвртете го капакот за испуштање на водата при вонредни ситуации со вртење налево и испуштете ја
целата вода.
4.
Одвртете го капакот на филтерот за остатоци.
5.
Измијте ги сите нечистотии од филтерот за остатоци. Внимавајте перката на одводната пумпа зад
филтерот за остатоци да не биде блокирана.
6.
Вратете го капакот на филтерот за остатоци.
7.
Вратете го капакот на филтерот.
ЧИСТЕЊЕ НА НАДВОРЕШНОСТА
1.
Избришете ја површината на машината, вклучувајќи ја и контролната плоча, со мека крпа користејќи
средство за чистење во домаќинствата кое не е абразивно.
2.
Со мека крпа исушете ја површината.
3.
Не истурајте вода врз машината.
ЧИСТЕЊЕ НА ФИОКАТА И ОТВОРИТЕ ЗА ДЕТЕРГЕНТ
1.
Притиснете ја рачката за ослободување од внатрешната страна на фиоката за детергент и извлечете
ја фиоката.
2.
Извадете ја преградата за течен детергент од фиоката за детергент.
3.
Измијте ги сите делови под млаз вода.
4.
Исчистете ги отворите од фиоката со стара четкичка за заби.
5.
Вратете ја преградата за течен детергент со силно притиснување во фиоката.
6.
Вратете ја фиоката на место.
7.
За отстранување на преостанатиот детергент, вклучете ја програмата за плакнење без алишта во барабанот.
ЧИСТЕЊЕ НА МРЕЖЕСТИОТ ФИЛТЕР НА ЦРЕВОТО ЗА ВОДА
1.
Затворете го доводот на вода на машината за перење.
2.
Одвртете го цревото за вода на задната страна на машината. За спречување на избивањето на водата
заради воздушниот притисок во цревото, покријте го цревото со крпа.
3.
Со помош на клешти внимателно извлечете го филтерот од крајот на цревото и исплакнете го под
вода додека не се исчисти. Потоа исчистете го надворешниот и внатрешниот дел од конекторот.
4.
Вратете го филтерот на место.
5.
Поврзете го цревото повторно со машината.
6.
Проверете дали спојните места пропуштаат вода и отворете ја славината.
WF9702N3-02763G_MK.indd 5
2011-3-5 14:27:33
Summary of Contents for WF9600N3
Page 6: ...Code No DC68 02763G_EN WF9702N3 02763G_EN indd 6 2011 2 12 11 33 34 ...
Page 12: ...Code No DC68 02763G_BG WF9702N3 02763G_BG indd 6 2011 2 12 11 32 47 ...
Page 18: ...Nr cod DC68 02763G_RO WF9702N3 02763G_RO indd 6 2011 3 5 14 08 11 ...
Page 24: ...Šifra DC68 02763G_HR WF9702N3 02763G_HR indd 6 2011 3 5 14 09 11 ...
Page 30: ...Kôd br DC68 02763G_SR WF9702N3 02763G_SR indd 6 2011 3 5 14 19 20 ...
Page 36: ...Nr i kodit DC68 02763G_SQ WF9702N3 02763G_SQ indd 6 2011 3 5 14 20 25 ...
Page 42: ...Код бр DC68 02763G_MK WF9702N3 02763G_MK indd 6 2011 3 5 14 27 33 ...
Page 48: ...Code No DC68 02763G_ET WF9702N3 02763G_ET indd 6 2011 2 12 11 34 28 ...
Page 54: ...Kodo Nr DC68 02763G_LT WF9702N3 02763G_LT indd 6 2011 2 12 11 36 19 ...
Page 60: ...Kods Nr DC68 02763G_LV WF9702N3 02763G_LV indd 6 2011 2 12 11 37 01 ...