
Македонски - 24
Користење на избирачот на циклус
Циклус
Употреба
COTTON (памук)
За средно или малку валкан памук, постелнина, чаршафи, долна облека, крпи, кошули и сл.
За постелнина или прекривки за постелнина, препорачаната брзина на циклусот за
центрифуга е 800 вртежи/минута (за полнење од 2,0 kg или помалку).
Моделите за 6 kg немаат функција за перење постелнина.
SYNTHETICS (синтетика)
За средно или малку валкани блузи, кошули и сл. изработени од полиестер (диолен,
тревира), полиамид (перлон, најлон) или слични материјали.
15’ QUICK WASH (брзо
перење 15’)
За малку извалкани алишта и алишта кои тежат помалку од 2,0 kg и ви се потребни за
кратко време. Потребни се најмалку 15 минути, но тоа се менува поради посочените
вредности кои зависат од притисокот на водата, тврдостта на водата, температурата на
доводот на водата, собната температура, типот и количеството на перење и степенот
на нечистотија, употребениот детергент, небалансираното полнење, промените во
снабдувањето со електрична енергија и сите други дополнителни опции кои се избрани.
ВНИМАНИЕ
: Треба да користите помалку од 20 g детергент (за полнење од 2,0 kg),
бидејќи детергентот може да се задржи на облеката.
BABY CARE (грижа за
бебиња)
Перењето на висока температура и дополнителните циклуси за плакнење овозможуваат
отстранување на заостанатиот детергент кој може да наштети на бебешката кожа.
DAILY WASH
(вообичаено перење)
За секојдневни алишта како долна облека и кошули.
STAIN AWAY
(отстранување на
дамки)
За облека со дамки. Циклусот STAIN AWAY (отстранување на дамки) нуди извонредни
перформанси за отстранување на дамки со најголема грижа, елиминирајќи ја потребата за
претходно третирање на дамките. За да добиете најдобри перформанси за отстранување на
дамки, ви препорачуваме да користите опција со висока температура во овој циклус, каде
што температурата на перење се зголемува со помош на внатрешниот грејач, при што ќе
добиете сеопфатно чистење на голем број различни дамки.
Циклусот вклучува накиснување за ефикасно отстранување на дамки од вашите алишта. За
време на накиснувањето, барабанот престанува да ротитра краток период, а овој прекин во
работата не претставува дефект.
SUPER ECO WASH
(супер еколошко
перење)
Циклусот SUPER ECO WASH (супер еколошко перење) со ниска температура се погрижува
да постигнете совршени резултати при перењето, истовремено овозможувајќи ефективна
заштеда на енергија.
OUTDOOR CARE (грижа
за облека за надвор од
домот)
За водоотпорни алишта како облека за планинарење, скијање и друга спортска облека.
Алиштата содржат завршна обработка со функционална технологија и влакна како што се
спандекс, ластик и микро влакна.
WOOL (волна)
Само за облека од волна која се пере во машина. Вкупната тежина треба да биде помала од
2,0 kg. (модел за 6kg:1,5kg)
Циклусот WOOL (волна) ги пере алиштата користејќи нежни движења. За време на
циклусите за перење, нежните и навлажнувачки движења континуирано продолжуваат за
да ги заштитат волнените влакна од собирање/изобличување и нежно да ги исчистат. Оваа
постапка со запирање/продолжување на движењето која ја врши машината за перење при
накиснувањето не претставува дефект.
За циклусот за волна се препорачува неутрален детергент, со кој се добиваат подобри
резултати при перењето и подобра грижа за волнените влакна.
DELICATES (деликатни
алишта)
За фини ткаенини, градници, долна женска облека (свила) и други материјали што треба да
се перат само рачно. За најдобри перформанси, користете течен детергент.
SPIN (центрифуга)
Дополнителен циклус на центрифуга за отстранување на уште малку вода.
RINSE+SPIN(плакнење+
центрифуга)
За алишта на кои им е потребно само плакнење или додавање на омекнувач при
плакнењето.
WF70F5E_WF60F4E_03445E_MK.indd 24
2014-04-23 6:43:23
Summary of Contents for WF60F4xxxx
Page 42: ...Memo WF70F5E_WF60F4E_03445E_EN indd 42 2014 04 23 6 41 05 ...
Page 43: ...Memo WF70F5E_WF60F4E_03445E_EN indd 43 2014 04 23 6 41 05 ...
Page 86: ...Bilješke WF70F5E_WF60F4E_03445E_HR indd 42 2014 04 23 6 42 16 ...
Page 87: ...Bilješke WF70F5E_WF60F4E_03445E_HR indd 43 2014 04 23 6 42 16 ...
Page 130: ...Белешки WF70F5E_WF60F4E_03445E_MK indd 42 2014 04 23 6 43 28 ...
Page 131: ...Белешки WF70F5E_WF60F4E_03445E_MK indd 43 2014 04 23 6 43 28 ...
Page 174: ...Beležka WF70F5E_WF60F4E_03445E_SL indd 42 2014 04 23 6 44 32 ...
Page 175: ...Beležka WF70F5E_WF60F4E_03445E_SL indd 43 2014 04 23 6 44 32 ...
Page 218: ...Shënime WF70F5E_WF60F4E_03445E_SQ indd 42 2014 04 23 6 45 44 ...
Page 219: ...Shënime WF70F5E_WF60F4E_03445E_SQ indd 43 2014 04 23 6 45 44 ...
Page 262: ...Beleška WF70F5E_WF60F4E_03445E_SR indd 42 2014 04 23 6 47 12 ...
Page 263: ...Beleška WF70F5E_WF60F4E_03445E_SR indd 43 2014 04 23 6 47 12 ...