![Samsung UE49NU8000 User Manual Download Page 233](http://html1.mh-extra.com/html/samsung/ue49nu8000/ue49nu8000_user-manual_4098897233.webp)
04
Извршување на почетното поставување
Кога за прв пат ќе го вклучите вашиот телевизор, тој веднаш ќе го активира почетното поставување.
Почетното поставување ви овозможува да ги конфигурирате основните поставки според кои ќе
функционира телевизорот, како што се прием на емитувања, пребарување канали и мрежна врска.
• Пред да започнете со почетното поставување, прво треба да поврзете надворешни уреди.
• За да ги користите паметните функции на телевизорот, телевизорот мора да биде поврзан на
интернет.
• Кога телевизорот комуницира со мобилните уреди, на телевизорот може привремено да се појави
шум.
• Апликацијата
SmartThings
е достапна за мобилни уреди со Android 6.0 или понова верзија, како и за
уреди со iOS 10 или понова верзија.
• За да извршите иницијализација преку апликацијата
SmartThings
, мобилниот уред мора да биде
поврзан на Wi-Fi мрежа.
• Ако прозорецот за поставување не се појави автоматски во апликацијата
SmartThings
на мобилниот
уред, тогаш постапката ќе ја продолжите откако рачно ќе го додадете телевизорот во функцијата
Додај уред
на контролната табла на апликацијата
SmartThings.
Почетното поставување може да го активирате и преку менито на телевизорот (
>
Поставување
>
Општо
>
Започнете со поставувањето
).
Следете ги инструкциите што се прикажуваат на екранот за почетно поставување и конфигурирајте ги
основните поставки на телевизорот според опкружувањето во кое го користите.
Користење на ТВ-контролор
Вклучете го телевизорот со помош на копчето
ТВ-контролор
на долната страна на телевизорот, а
потоа користете ја функцијата за контролно мени. Функцијата
Мени за контрола
се појавува кога ќе го
притиснете контролното копче на телевизорот кога телевизорот е вклучен. За повеќе информации во
врска со користењето, погледнете ја сликата подолу.
ТВ-контролор / Сензор за далечинскиот
управувач
Притиснете: Премести
Притиснете и задржете: Избери
ТВ-контролор
се наоѓа на долната страна
на телевизорот.
Мени за контрола
:
Исклучи
:
Гл. горе
:
Кан. горе
:
Глас. долу
:
Канал долу
:
Извор
Македонски - 13
Мак
ед
онски