Македонски
6
ПОДГОТОВКА
При употреба
• Немојте да ја носите правосмукалката држејќи го цревото. Користете ја рачката
на куќиштето за да ја кревате или носите правосмукалката.
• Извадете го кабелот од штекер кога не ја користите правосмукалката.
Исклучете го прекинувачот за напојување пред да го извадите кабелот.
• Не ја употребувајте надвор, на влажен тепих или на влажни површини.
• Овој производ не треба да се користи на отворен простор, бидејќи е дизајниран
само за употреба во домаќинствата.
–
Постои ризик од дефект или оштетување.
❇
Чистење на отворен простор: Камен, цемент
❇
Соба за билјард: Прав од креда
❇
Асептична просторија во болница
• Немојте да ја користите правосмукалката за вшмукување течности (како вода),
сечила, игли или жар.
–
Постои ризик од дефект или оштетување.
• Внимавајте децата да не ја допираат правосмукалката додека ја користите.
–
Децата можат да се изгорат доколку надворешното куќиште е премногу
загреано.
• Не ставајте ништо врз надворешното куќиште и избегнувајте какви било
физички удари врз него.
–
Тоа може да резултира со повреда или оштетување.
• Немојте да ја користите правосмукалката за собирање чкорчиња, топол пепел
или отпушоци. Чувајте ја правосмукалката далеку од шпорети и други извори
на топлина. Топлината може да ги изобличи и обезбои пластичните делови на
апаратот.
• Избегнувајте собирање тврди и остри предмети со правосмукалката, бидејќи
тие можат да ги оштетат деловите на апаратот.
}jZXWWXZWW^\ZkTWYnlUGGG]
YWX^TW^TW[GGG㝘䟸G`aYXaY_