Македонски 11
Без
бедно
сни инф
ор
мации
•
Не вклучувајте неколку апарати на истиот кабел со повеќе
приклучоци. Фрижидерот секогаш треба да е вклучен во
посебен електричен приклучок со напон еднаков на напонот
на типската плочка на фрижидерот.
- На ваков начин се добиваат најдобри перформанси, а се
спречува и преоптоварување на куќната инсталација, што
може да доведе до опасност од пожар поради прегреани
жици.
•
Ако ѕидниот приклучок е лабав, не вклучувајте ја
приклучницата.
- Постои опасност од струен удар или пожар.
•
Не употребувајте кабел којшто е напукнат или изабен по
должината или на краевите.
•
Не виткајте го премногу струјниот кабел и не ставајте тешки
предмети врз него.
•
Не влечете го струјниот кабел и не виткајте го премногу.
•
Не вртете го и не врзувајте го струјниот кабел.
•
Не закачувајте го струјниот кабел преку метален предмет, не
ставајте тешки предмети врз него, не вметнувајте го помеѓу
предмети и не туркајте го во просторот зад уредот.
•
Кога го поместувате фрижидерот, внимавајте да не
поминувате преку кабелот и да не го оштетите.
- Тоа може да доведе до струен удар или пожар.
•
Никогаш не исклучувајте го фрижидерот со влечење на
струјниот кабел. Секогаш добро земете ја приклучницата и
извлечете ја од приклучокот.
- Со оштетувањето на кабелот може да дојде до краток спој,
пожар и/или струен удар.
Untitled-9 11
2021-06-02 2:42:57
320 / 466
319 / 464
320 / 466