Додаток
Македонски
74
Упатство за температурите
Препорачана температура
Оптимално поставена температура за чување храна:
•
Фрижидер: 3 °C
•
Замрзнувач: –19 °C
ЗАБЕЛЕШКА
Оптималната поставка за температура за секоја преграда зависи од собната температура. Горните оптимални
температури се за собна температура од 25 °C.
Засилено ладење
Со Засилено ладење се забрзува процесот на ладење со максимална брзина на вентилаторот. Фрижидерот ќе
продолжи да работи со максимална брзина во траење од два часа и половина, а потоа ќе ја врати претходната
температура.
Засилено замрзнување
Со Засилено замрзнување се забрзува процесот на замрзнување со максимална брзина на вентилаторот.
Замрзнувачот продолжува да работи со полна брзина во траење од 50 часа и потоа се враќа на претходната
температура. За да замрзнете големи количества на храна, активирајте го Засилено замрзнување во траење од
најмалку 20 часа пред да ставите храна во замрзнувачот.
ЗАБЕЛЕШКА
Кога ја користите функцијава, потрошувачката на струја на фрижидерот се зголемува. Не заборавајте да ја
исклучите кога не ви треба и да го вратите замрзнувачот на вашите првични поставки на температурата.
Untitled-9 74
2021-06-02 2:43:11
383 / 466