
Македонски - 22
Користење на ТВ-контролор
Вклучете го телевизорот со помош на копчето
ТВ-контролор
на долната страна на телевизорот, а потоа користете ја
функцијата
Мени за контрола
. Функцијата
Мени за контрола
се појавува кога ќе го притиснете копчето
ТВ-контролор
кога телевизорот е вклучен. За повеќе информации во врска со користењето, погледнете ја сликата подолу.
Мени за контрола
:
Исклучи
:
Гл. горе
:
Кан. горе
:
Глас. долу
:
Канал долу
:
Извор
Копче
ТВ-контролор
/
Сензор за далечинскиот управувач
•
Режим за телевизија
–
Притиснете: Премести
–
Притиснете и задржете: Избери
• Режим
Уметност
–
Притиснете
: Преминете во режимот за телевизија
Копчето
ТВ-контролор
се наоѓа на долната страна на телевизорот.
Motion Sensor /
Сензор за звук
• При притиснување на копчето
ТВ-контролор
внимавајте да не го притиснете и сензорот за движења покрај него.
• Во режимот
Уметност
индикаторот за напојување во долниот дел на телевизорот е исклучен.
• По отстранување на
Customizable Frame
(се продаваат посебно) од телевизорот, турнете го сензорот за
далечински управувач нагоре за да го вратите во неговата првична положба.
–
Не употребувајте преголема сила кога ќе го туркате сензорот за далечински управувач нагоре.
Постои ризик од оштетување.
Поставување на сензорот за звук
Сензорот за звук може да се вклучи или исклучи со помош на копчето што е поставено на долната страна
на телевизорот.
Кога телевизорот е вклучен, турнете го копчето налево за да го вклучите сензорот за звук или надесно за
да го исклучите.
Погледнете го прозорецот што ќе се прикаже на телевизорот за да проверите дали сензорот за звук е
вклучен или исклучен.
• Положбата и формата на сензорот за звук може да бидат различни во зависност од моделот.
• Податоците од сензорот за звук што се користат за анализа не се зачувуваат.