
Македонски - 12
Мерки со кои ќе спречите паѓање на телевизорот
1.
Носачите треба добро да се прицврстат за ѕидот со помош
на соодветни завртки. Проверете дали завртките се цврсто
прикачени на ѕидот.
–
Може да ви бидат потребни дополнителни материјали како
ѕидни типли, во зависност од типот на ѕидот.
2.
Носачите треба добро да се прицврстат за телевизорот со помош
на завртки со соодветна големина.
–
За спецификации за завртките, погледнете го делот
за стандардни завртки во табелата во "Монтирање на
телевизорот на ѕид".
3.
Поврзете ги носачите прицврстени за телевизорот и носачите
прицврстени на ѕидот со издржлива и цврста жица, а потоа силно
прицврстете ја жицата.
–
Поставете го телевизорот блиску до ѕидот за да не може да
падне наназад.
–
Поврзете ја жицата така што носачите прицврстени за ѕидот
да се наоѓаат на иста висина или пониско од носачите
прицврстени за телевизорот.
• Бојата и обликот на
производот може да се
разликуваат во зависност од
моделот.
Мерки на претпазливост при поставување на телевизорот на држач
Кога го поставувате телевизорот на држач,
не го поставувајте држачот на задната
страна од површината на масата. Доколку
не се придржувате до тоа, сензорот за
движења во долниот дел на телевизорот
може да не работи правилно.