14
МАКЕДОНСКИ
упОтрЕбА НА фуНКцИЈАтА зА АвтОМАтСКО
зАбрзАНО ОДМрзНувАњЕ
Функцијата за автоматско брзо одмрзнување ви овозможува
одмрзнување на месо, живина, риба и леб / пита. Времето на
одмрзнување и нивото на јачина се поставуваат автоматски.
Вие едноставно го бирате програмот и тежината.
Користете само садови кои можат безбедно да се користат во
микробранова печка.
Прво, поставете ја замрзнатата храна на средина од плочата и
затворете ја вратата.
1.
Изберете го видот на храната што ја готвите
со притиснување на копчето за
забрзано
одмрзнување
( ) еднаш или повеќе пати.
(Користете ја табелата на наредната страница).
2.
Изберете ја тежината на храната со
притиснување на копчињата ( ) и ( ).
Можно е да поставите максимум 1500 g.
3.
Притиснете го копчето .
резултат :
• Одмрзнувањето започнува.
• Печката ќе емитува "бип" звук на
половина од времето за одмрзнување за да ве потсети
да ја завртите храната.
• Притиснете го повторно копчето за да се заврши
одмрзнувањето.
Исто така можно е и рачно одмрзнување на храната. За таа цел,
изберете ја функцијата за готвење/подгревање со ниво на јачина
од 180 W. Погледнете во поглавјето “Готвење/подгревање” на
страница 10 за дополнителни детали.
пОСтАвувАњЕ НА АвтОМАтСКО зАбрзАНО
ОДМрзНувАњЕ
Во следната табела се претставени разните програми за автоматско брзо
одмрзнување, количините, времињата на стоење и соодветните препораки.
Пред одмрзнувањето отстранете ги сите материјали за пакување. Ставете го
месото, живината, рибата и лебот/питата на рамна керамичка чинија.
Код/
Храна
Големина
на порции
време на
стоење
препораки
1. Месо
200-1500 g 20-60 мин. Покријте со алуминиумска фолија.
Завртете го месото кога печката ќе
емитува "бип" звук. Овој програм е
погоден за телешко, јагнешко, свинско
месо, стекови, кременадли и мелено
месо.
2. Живина
200-1500 g 20-60 мин. Покријте ги краевите на батаците и
крилата со алуминиумска фолија.
Завртете ја живината кога печката ќе
емитува "бип" звук. Овој програм е
погоден за цела кокошка и парчиња од
кокошка.
3. Риба
200-1500 g 20-50 мин. Заштитете ја опашката на целата риба со
алуминиумска фолија. Завртете ја рибата
кога печката ќе емитува "бип" звук. Овој
програм е погоден за цели риби или
филети.
4. Леб/
пита
125-625 g
5-20 мин.
Лебот ставете го на парче хартија за
кујна и завртете го откако печката ќе
емитува "бип" звук. Питата поставете ја
на керамичка чинија и доколку е можно
превртете ја откако печката ќе емитува
"бип" звук. (Печката ќе престане да
работи откако ќе се отвори вратата.)
Овој програм е погоден за сите видови
леб, исечен на парчиња или цел, како и
за багет. Поставете ги парчињата леб во
круг. Овој програм е погоден за сите пити
со квасец, бисквит торта и лиснато тесто.
Не е погоден за крцкави колачи, торти
со овошје и крем, како и за торти со
чоколаден прелив.
Изберете ја функцијата за рачно одмрзнување на храна со ниво на јачина од 180 W
доколку сакате рачно да одмрзнувате храна. За дополнителни детали околу рачното
одмрзнување и времето на одмрзнување погледнете на страница 23.
GE86V_BOL_03933E_MK.indd 14
2011-04-01 9:35:39
Downloaded From Microwave-Manual.com Manuals