678
Македонски
Код за
грешка
Проблем
Можно решение
11
Машината треба да се
приспособи на собна
температура
Оставете ја машината некое време да се приспособи на собна
температура од транспортната/надворешната температура.
Исклучете ја машината 30 минути, а потоа повторно вклучете
ја. Ако ова не успее, контактирајте со Центарот за грижа на
корисниците во вашата држава. За деталите за контакт,
погледнете го гарантниот лист.
14
Машината е прегреана. Исклучете ја машината и повторно вклучете ја по 30 минути.
19
Машината не е
правилно приклучена
во ѕидниот приклучок.
Осигурете се дека малиот приклучок од кабелот за
напојување е правилно поврзан во електричниот приклучок
на задната страна од машината.
Нарачување додатоци
За чистење на машината и отстранување на бигорот од машината користете само производи за
одржување на Philips. Овие производи може да се купат преку овозможување на Smart Reorders на
Amazon, од вашата локална или онлајн малопродажба или од овластени сервисни центри.
За да може да користите Smart Reorders на Amazon, прво треба да ја активирате оваа услуга на
Amazon. Потоа следете ги чекорите на екранот на машината за да ја поврзете вашата сметка на
Amazon со вашата сметка на Saeco. Услугата Smart Reorders на Amazon може да ја користите откако
ќе ги завршите овие чекори.
Во менито „Shop“ (Продавница) што се наоѓа на контролната табла на машината може да ја видите
достапноста кај локалните малопродажници на производите за одржување и додатоците на Philips.
За да го најдете онлајн целосниот список со резервни делови, внесете го бројот на типот на вашата
машина. Бројот на типот може да го најдете на внатрешната страна на сервисната врата.
Производи за одржување и број на типови:
-
Раствор за отстранување бигор CA6700
-
Филтер AquaClean CA6903
-
Маст за групата за варење HD5061
-
Таблети за отстранување масло од кафе CA6704
-
Средство за чистење на колото за млеко CA6705
-
Комплет за одржување CA6707
Ажурирања на софтверот
Ажурирањето е клучно за заштита на вашата приватност и правилно функционирање на вашата
машина за кафе. Може да поставите дали сакате рачно да ја ажурирате машината или сакате тоа да
се прави автоматски.
Ако сте избрале автоматски ажурирања, осигурете се машината да биде приклучена и навечер и
Wi-Fi да биде овозможен, за машината да може преку ноќ да ги прима ажурирањата на софтверот.
Ажурирањата стануваат достапни кога има подобрувања во софтверот, нови функции за
машината и за да се спречат евентуални безбедносни проблеми.
Задолжителните ажурирања на фирмверот автоматски започнуваат кога машината за кафе е во
режим на мирување. Машината за кафе не може да се користи за време на ажурирањето на
фирмверот.
Summary of Contents for Xelsis DELUXE SM8780
Page 1: ......
Page 784: ...782 Қазақша Пластик бума материалдарында LDPE бар басқаша көрсетілмеген жағдайда ...
Page 833: ...FillpageForRTL ...
Page 853: ...inside back page ...
Page 854: ......
Page 855: ......
Page 856: ...Page appears only if there are more than 24 figures ...
Page 857: ......