16
www.raider.bg
Внимание!
При употребата на апарати мора да се почитуваат неколку безбедносни мерки заради
спречување на повреди и штети. Затоа ве молиме внимателно прочитаjте го ова упатство
за употреба. Сочуваjте го добро ова упатство за употреба, за да ви стоjат информациите на
располагање во секое време. Доколку го предавате апаратот на други лица, ве молиме даjте
им го и ова упатство за употреба. Ние не преземаме одговорност за незгоди или штети, кои
настанале како резултат на непочитување на ова упатство и на безбедносните упатства.
1. Безбедносни упатства
Внимание!
Кај неподвижни води, градинарски барички и езерца и мали езерца за пливање и во нивна
околина дозволена е употребата на овој апарат само со заштитен прекинувач за погрешна
струја и со номинална струја до 30 mA (според VDE 0100 дел 702 и 738). Овој апарат не е
погоден за базени, рамни и плитки базени од секаков тип и други води, во кои можат да се
наоѓаат луѓе или животни за време на работата на апаратот. Работењето на апаратот за време
на присуство на луѓе или животни во опасното подрачје не е дозволено. Прашајте го вашиот
електричар! Овој апарат не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи и деца) со
ограничени физички, сензорни или ментални способности или со недостаток на искуство и/или
со недостаток на знаење, освен доколку се под надзор на лице надлежно за нивната безбедност
или од него добиле инструкции за тоа, како да се користи апаратот. Децата треба да бидат под
надзор, за да бидете сигурни, дека не играат со апаратот.
Внимание!
Пред да го пуштите апаратот во употреба, дозволете да биде проверено од страна на
стручно лице, дали
- заземјувањето
- нулата
- заштитниот прекинувач за погрешна струја одговараат на безбедносните прописи на
компаниите за дистрибуција на електрична енергија и дали тие функционираат уредно.
Електронските приклучоци за уштекување треба да бидат заштитени од влага. Во случај на
опасност од поплави поставете ги приклучоците за уштекување во подрачје што не е загрозено
од поплави. Во секој случај избегнувајте пумпање на агресивни течности како и на абразивни
(подмачкувачки) материи. Заштитете го апаратот од замрзнување. Заштитете го апаратот
од работа без течност („сува“ работа). Потребно е пристапот на деца да биде спречен преку
соодветни мерки.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Прочитајте ги сите безбедносни упатства и инструкции. Заборавање на почитувањето на
безбедносните упатства и на инструкциите можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/
или тешки повреди. Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во иднина.
2. Употреба согласно намената.
Апаратот што го добивте е наменет за пумпање вода со максимална температура од 40°C.
Овој апарат не смее да се употребува за други течности, особено не за моторни горива,
средства за чистење и други хемиски производи! Оваа машина смее да се употребува само
за нејзината намена. Секаква употреба надвор од тој домен не соодветствува на намената.
За штети и повреди од секаков вид предизвикани од таквата употреба гарантира корисникот/
операторот, а не производителот. согласно регулативите, не се конструирани за комерцијална,
занаетчиска или индустриска употреба. Ние не преземаме гаранција, ако уредот се употребува
во комерцијални, занаетчиски или индустриски претпријатија како и при слични активности.
3. Пред ставање во употреба.
3.1 Инсталација.
Инсталацијата на апаратот се врши или:
Стационарно со фиксен цевовод или
Стационарно со еластичен вод со црево.
Приклучете го цревото или цевката за притисок со соодветниот приклучен елемент на
приклучокот за притисок (3). Прицврстете ја сајлата за прицврстување (10) на јамката за
закачување.
Summary of Contents for RD-WP24
Page 2: ...2 www raider bg 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 7 1 11 5 4 2 3 8 9 6 10...
Page 4: ...4 www raider bg 1 Fi 30 mA 3 2 40 3 3 1 3 10 3 2 230V 50Hz 6 4...
Page 5: ...5 1 2 3 4 7 5 8 9 5 6 4 6 1 7 7 1 2002 96 EC...
Page 16: ...16 www raider bg j j j j 1 30 mA VDE 0100 702 738 2 40 C 3 3 1 3 10...
Page 17: ...17 3 2 230V 50Hz 6 A 4 5 1 2 3 4 7 5 8 6 9 5 6 4 6 1 7...
Page 19: ...19 1 30 VD 0100 702 738 2 40 C...
Page 20: ...20 www raider bg 3 3 1 3 10 3 2 230 50 6A 4 5 1 2 3 4 7 5 8 6 9 5 6 4 6 1 7...
Page 25: ...25 1 Fi RCD 30 mA 3 2 40 C 3 3 1 3 10 3 2 230V 50Hz 6 4 1 2 3 4 7 5 8 9...
Page 26: ...26 www raider bg 5 6 4 6 1 7 2002 96...
Page 30: ...30 www raider bg...
Page 35: ...35 246 0700 44 155 e mail info euromasterbg com...
Page 37: ...37 1 5 2 bar Raider 18 Raider Industrial Raider Pro 12 Raider Power Tools Raider Garden Tools...
Page 38: ...38 112 115 112 1 2 1 2 3 113 1 2 3 2 114 4 5 114 1 113 1 2 2 3 115 4 115 1 2 1 3 1 1...
Page 47: ...47...
Page 48: ...45...
Page 49: ...49...
Page 51: ...51...
Page 57: ...57...