![background image](http://html1.mh-extra.com/html/quadro/rf-1430-eu/rf-1430-eu_user-manual_3365617079.webp)
MK - 79
• Дополнителната опрема се чисти
засебно, рачно со сапун и вода. Не
мијте ги додатоците во машина за
перење садови.
• Барем еднаш годишно чистете го
кондензаторот со четка. Ова ќе
помогне да заштедите на трошоци
за енергија и да ја зголемите
продуктивноста.
Мора да се исклучи
електричното напојување за
време на чистењето.
5.1 Одмрзнување
Постапка за одмрзнување на
замрзнувачот
• Ќе се наталожи мала количина мраз
во замрзнувачот во зависност од
тоа колку долго е отворена вратата
или од количината влага. Важно е
да не дозволите создавање мраз на
места кои ќе влијаат врз цврстото
затворање на гумата на вратата.
Така може да навлегува воздух во
одделот што доведува до постојана
работа на компресорот. Тенкиот
слој мраз е мек и може да се извади
со четка или пластична гребалка.
Не користете метални или остри
гребалки, механички средства или
други помагала за да го забрзате
процесот на одмрзнување. Извадете
ги сиот отстранет мраз од одделот. Не
мора да го исклучите апаратот за да
отстранувате тенки слоеви мраз.
• Исклучете го апаратот од струја и
извадете ја содржината во картонска
кутија и завиткајте ја во дебели ќебиња
или во хартија за да останата студени
кога сакате да вадите дебели слоеви
мраз. Одмрзнувањето е најефикасно
ако се спроведе кога замрзнувачот е
речиси празен и треба да се направи
што е можно побргу за да се спречи
непотребен пад на температурата на
содржината.
• Не користете метални или остри
гребалки, механички средства или
други помагала за да го забрзате
процесот на одмрзнување.
Зголемувањето на температурата
на пакувањата замрзната храна во
текот на одмрзнувањето ќе им го
скрати рокот на употреба. За време
на одмрзнувањето чувајте ја храната
завиткана во амбалажа и ладна.
• Исушете ја внатрешноста на одделот
со сунѓер или чиста крпа.
• За да го забрзате периодот на
одмрзнување, може да ставите еден
или повеќе садови со топла вода во
одделот на замрзнувачот.
• Проверете ја содржината кога ја
ставате одново во замрзнувачот и ако
некои од пакувањата се одмрзнати,
тогаш тие треба да се изедат во
период од 24 часа или да се зготват
пред да се замрзнат одново.
• Кога одмрзнувањето ќе биде готово,
исчистете ја внатрешноста на уредот
со раствор од топла вода и малку сода
бикарбона и потоа исушете темелно.
Измијте ги сите делови што може да
се извадат на ист начин и повторно
ставете ги на место. Поврзете го
замрзнувачот во струја и оставете го
да работи 2 до 3 часа на поставена
вредност MAX пред да ја вратите
храната во него.
Summary of Contents for RF-1430 EU
Page 2: ...ZAMRZIVA EM Upute za uporabu Hrvatski RF 1430 EU...
Page 23: ...English FREEZER User Manual RF 1430 EU...
Page 43: ...ZAMRZIVA EM Uputstva za upotrebu Srpski RF 1430 EU...
Page 63: ...RF 1430 EU...
Page 64: ...MK 64...
Page 66: ...MK 66 1 1 1 R600a...
Page 67: ...MK 67 R600a...
Page 68: ...MK 68 16 8 3 8 0 3 3 8 8 14...
Page 69: ...MK 69 2000 m...
Page 70: ...MK 70 1 2 220 240 V 50 Hz AC 50 cm 5 cm 2 cm 150 mm 90 75 mm...
Page 71: ...MK 71 1 3 CFC CE...
Page 72: ...MK 72 2 1 2 3 4 5 6 7 1 2 3 4 5 6 7...
Page 75: ...MK 75 3 3 3 3 1 3 3 2 4 3...
Page 76: ...MK 76...
Page 79: ...MK 79 5 1 24 2 3 MAX...
Page 80: ...MK 80 6 6 1 6 2 7...
Page 81: ...MK 81 5...
Page 82: ...MK 82 8 1 2 3 4 5 6 7 8 9 QR EU EPREL EPREL https eprel ec europa eu www theenergylabel eu...
Page 83: ...MK 83 10 EcoDesign EN 62552 2 11 PNC https quadro com hr...
Page 84: ...HTTPS QUADRO COM HR 52343476...