243
Безбедност
DE
EN
FR
IT
ES
PT
NL
SV
FI
DA
NO
EL
CZ
HU
PL
HR
SR
SK
SL
ET
LT
LV
RO
BG
MK
Безбедност
Регулативи специфични за
земјата
Следните инструкции мора да се земат предвид
кога вршите зафати врз високонапонскиот
систем:
– Секоја земја има свои национални стандарди
коишто го гарантираат безбедниот дизајн
и функционалноста на безбедносните
приклучници и приклучоци. Користењето на
такви уреди и системи претставува
потенцијална опасност. Поради тоа, потребно
е персоналот да има доволно стручно
познавање и да се почитуваат прифатените
технолошки прописи.
Дозволени оперативни режими
Во некои земји, на пр. во Кина
1)
, полначот може да
се ракува само со користење фиксна врска
(Wallbox режим). Ракувањето со користење
домашен или индустриски електричен отвор
(режим 2) е забрането. Прашајте го вашиот
партнер за Porsche во врска со регулативите
специфични за земјата.
Квалификации на персоналот
Електричното инсталирање смее да се врши само
од страна на лица со соодветно познавање
и искуство со електрика/електроника
(квалификувани електричари). Овие лица мора да
бидат во состојба да приложат доказ за
потребното стручно познавање за инсталирањето
на електричните системи и нивните компоненти
преку положен испит. Несоодветното
инсталирање го загрозува вашиот живот
и животот на корисниците на електричниот
систем. Со несоодветно инсталирање, ризикувате
сериозни материјални штети, на пр. поради пожар.
Во случај на повреда на лица и материјална штета,
вие сте лично одговорни, во зависност од
законската ситуација.
Барања за квалификуваните електричари:
– Способност да се изберат соодветни алати,
мерни уреди и, ако е потребно, лична заштитна
опрема
– Способност да се оценат резултатите од
мерењето
– Способност да се изберат материјали за
електрична инсталација за да се овозможат
граничните услови
– Познавање на IP кодови
– Познавања за монтирање материјал за
електрична инсталација
– Познавања за типот на мрежата за
напојувањето со електрична енергија
(TN, IT и TT систем) и поврзаните услови за
поврзување (заземјување без приклучоци,
заштитно заземјување, потребни
дополнителни мерки, итн.)
– Познавања за општата и специфичната
безбедност и регулативи за превенција од
незгоди како и противпожарни мерки
– Познавање за регулативите за електрика/
електроника и националните регулативи.
1) Време на печатење. Дополнителни информации се
достапни кај вашиот партнер на Porsche.
ОПАСНОСТ
Опасност од
смртоносна повреда по
пренсочувањето
Пренасочувањето на полначот од Wallbox режим
на пр. на мобилен режим 2, може да предизвика
кратки споеви, струјни удари, експлозии, пожар
или изгореници. Опасност од смртоносна
повреда!
e
Штом од страна на квалификувани лица
полначот ќе се монтира за Wallbox режим,
системот за полнење не смее да се отстранува
и да се ракува во мобилен режим.
Доколку го отстраните полначот и со него
ракувате во мобилен режим, вие ќе бидете
целосно одговорни за сите последици што ќе
произлезат од тоа.
9Y0012701_A_EU.book Page 243