![Philips AVENT SCF332 Manual Download Page 147](http://html.mh-extra.com/html/philips-avent/scf332/scf332_manual_1550020147.webp)
Совети
-
Пред првото користење, запознајте се со пумпата за измолзување и како таа функционира.
-
Изберете време кога не сте во брзање и кога нема да ве прекинуваат.
-
Фотографија на вашето бебе може да помогне во поттикнувањето на рефлексот на испуштање на млекото.
-
Топлината може исто така да помогне: обидете се после капење или туширање или ставете топла ткаенина или
термо-перниче Philips Avent на градите неколку минути пред да почнете со измолзувањето.
-
Може ќе ви биде полесно да се измолзувате додека вашето бебе цица од другата града или веднаш по доењето.
-
Ако измолзувањето стане болно, прекинете и посоветувајте се со советник за доење или здравствен работник.
Ракување со пумпата за измолзување
1
Темелно измијте ги рацете и осигурете се дека градите ви се чисти.
2
Опуштете се во удобно столче (може да сакате да користите перничиња како потпора за грбот). Осигурете се
дека имате чаша вода во близина.
3
Притиснете го склопеното тело на пумпата на градата. Осигурете се дека брадавицата е поставена во
центарот, што ќе му овозможи на перничето за масажа да се прилепи и да не пропушта воздух (Сл. 16).
За корисници на двојна електрична пумпа за измолзување: Двојната електрична пумпа за измолзување ви
овозможува да измолзите млеко од двете гради истовремено. Но, можете да го користите уредот за да
измолзите млеко од само едната града на истиот начин. Прицврстете ги двете склопени тела на пумпата на
силиконското црево и капак. Препорачуваме да го ставите капакот врз другата.
4
Осигурете се дека брадавицата е правилно наместена во перничето. За точната големина на перничето,
погледнете во делот „Најдете го најдоброто перниче за вас“.
5
Притиснете го копчето за вклучување/исклучување (Сл. 17).
-
Пумпата за измолзување автоматски ќе стартува во режим за стимулација, а копчињата за вклучување/
исклучување и за стимулација ќе светнат.
-
Ќе почнете да чувствувате смукање на градата.
6
Кога млекото ќе почне да тече, може да изберете побавен ритам со притискање на копчето за најмало
смукање (Сл. 18).
-
Ова копче ќе почне да свети наместо копчето за стимулација.
Забелешка: Не грижете се доколку млекото не почне веднаш да тече. Опуштете се и продолжете со
измолзувањето. Првите неколку пати кога ќе ја користите пумпата за измолзување можеби ќе треба да
користите режим со поголемо смукање за да почне млекото да тече.
7
Во зависност од вашата лична удобност, можеби ќе сакате да користите режим со поголемо смукање што
овозможува подлабоко смукање. Секогаш можете да се префрлите на режим со помало смукање (Сл. 19). Можете
да ја исклучите пумпата за измолзување кога сакате, со притискање на копчето за вклучување/исклучување (Сл. 20).
Забелешка: Не морате да ги користите сите режими на смукање, користете ги само режимите кои ви се удобни.
Предупредување: Секогаш исклучувајте ја пумпата за измолзување пред да го
отстраните телото на пумпата од градата за да се ослободи вакуумот.
Предупредување: Не продолжувајте со смукање повеќе од 5 минути одеднаш
доколку воопшто не успеете да измолзите млеко. Обидете се да измолзите
млеко во друго време во текот на денот.
8
Во просек, треба да смукате 10 минути за да измолзите 60-125 ml (2-4fl oz) мајчино млеко од една града. Сепак,
ова е само показател и е различно кај секоја жена.
Забелешка: Ако редовно измолзување повеќе од 125ml од сесија, можете да купите и да користите шише Philips
Avent од 260 ml/9fl oz, за да спречите преполнување и истурање.
9
Кога ќе завршите со измолзување, исклучете ја пумпата за измолзување (Сл. 20) и внимателно отстранете го
телото на пумпата од градата.
147
Македонски
Summary of Contents for SCF332
Page 1: ...SCF334 SCF332 ...
Page 2: ......
Page 3: ...SCF334 Fig A SCF332 1 2 4 5 14 15 16 17 18 13 7 6 8 10 11 12 3 9 ...
Page 4: ......
Page 184: ......
Page 186: ...27 28 1 2 30 29 24 25 26 ...
Page 187: ......
Page 188: ...4213 354 4005 2 www philips com 75 recycled paper ...