145
Македонски
Вистинско време од денот за
измолзување млеко
•
Рано наутро, кога вашите гради се
полни, пред или после првото доење
на бебето.
•
По доење, ако вашето бебе не ги
испразнило двете гради.
•
Помеѓу доења, или на пауза, доколку
сте се вратиле на работното место.
8
Складирање
•
Чувајте ја пумпата за гради подалеку
од директна сончева светлина бидејќи
предолгото изложување може да
предизвика губење на бојата.
•
Чувајте ја пумпата за гради и нејзините
додатоци на безбедно и суво место.
9
Компатибилност
Електричната пумпа за гради од Philips
Avent е компатибилна со шишињата од
Philips Avent од нашата понуда. Кога
користите други шишиња од Philips Avent,
користете го истиот тип на цуцла којшто
бил испорачан со шишето. За да дознаете
повеќе детали околу составувањето на
цуцлата и да добиете општи совети за
чистењето, погледнете го упатството
за користење на нашата веб-страница,
www.philips.com/support
.
Совет
•
Вежбајте со пумпата за да ги
дознаете техниките за испумпување
кои најмногу ви одговараат. Доколку
постапката стане болна, запрете и
консултирајте се со вашиот советник
за доење.
•
Ви препорачуваме да ја користите
подлошката за градата за да ја
одржите чистотата на вашиот
градник.
7 Кога да се
измолзува млеко
Доколку е можно, почекајте додека се
утврди вашето млеко и распоредот на
доење, освен доколку не сте поинаку
советувани од вашиот доктор или
советник за доење.
Исклучоците се:
•
Доколку измолзувате млеко за бебето
кое треба да му се даде во болница.
•
Доколку вашите гради се надуени
(чувствувате болка или се отечени).
Можете да измолзите мала количина
на млеко пред или помеѓу доењата
за да ја намалите болката и за да му
помогнете на бебето полесно да ја
дофати градата.
•
Доколку имате отечени или
испукани брадавици, почекајте со
измолзувањето млеко додека не
заздрават.
•
Доколку сте одделени од вашето
бебе и сакате да продолжите кога
повторно ќе бидете заедно. Потребно
е редовно да измолзувате млеко за да
го стимулирате вашето снабдување со
млеко.