
Поставување
Проверете дека сината брава (за брзо отклучување) е
затворена – низ отворот се гледа зелен автомобил (види
ознака 1).
Разделете ги краевите на црвената врвка од црвеното
куќиште (види ознака 2). Ставете го црвеното куќиште од
горниот дел преку гумата. Црвеното куќиште мора да биде
поставено на внатрешната страна од гумата.
Повлечете ја силно црвената врвка (во делот на ознаката
3) надолу со двете раце. Поставете ја црвената врвка што
е можно подалеку зад гумата. Внимавајте сините
спојници – на црвената врвка – да не се извртени.
Влечете ја црвената врвка надолу сè додека не ја
поставите помеѓу гумата и улицата (види ознака 3).
Внимавајте пластичните спојници да не лежат на шарките
на горниот дел на гумата.
Возете го автомобилот напред или во рикверц со
свртување на тркалото за 1/4 (тркалата може да не се
вртат). Препорака: Возете го возилото по надолнина.
Пренесете ја црвената врвка целосно кон внатрешната
страна на гумата. Синџирот мора да биде наместен
правилно (да не е извртен). Внимавајте сините спојници –
на црвената врвка – да не се извртени.
Вака изгледа синџирот кога е правилно поставен. Возете
неколку метри со најмала брзина. После 50-тина метри
возење, проверете повторно дали е синџирот правилно
поставен.
ПОСТАВУВАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО
Отстранување
Запрете го вашиот автомобил во положба кога сината
брава (за брзо отклучување) е на горниот дел од гумата.
Притиснете ја црвената брава – низ отворот се гледа
автомобил пречкртан со црвено.
Фатете го синџирот во делот од шарката на гумата и
повлечете го цврсто кон напред (ослободете ги алките на
синџирот доколку се заглавени во шарките на гумата).
Повлечете силно и црвената врвка ќе се лизне од задната
кон предната страна.
Повлечете го синџирот од предната страна на гумата.
Внимавајте синџирот да не е извртен кога ќе го извадите.
Возете го автомобилот напред или вратете полека во
рикверц. Препорака: Затворете ја сината брава (за брзо
отклучување) за следна употреба.
ОТСТРАНУВАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО
1
2
3
4
5
MK
6
7
1
2
3
4