82
МАКЕДОНСКИ
Дополнителни безбедносни упатства
Лична заштитна опрема
1. Облеката треба да е тесна, но сепак да
овозможува комотно движење.
2. Носете ја наведената заштитна облека додека
работите:
•
Тестиран безбедносен шлем, ако постои
опасност да паѓаат гранки или слично;
•
Маска за лице или заштитни очила;
•
Соодветна заштита за уши (штитници
за уши, чепови за уши по мерка или
приспособливи). По барање, да се
направи анализа на октавите за видот.
•
Ракавици од цврста кожа;
•
Долги панталони произведени од цврст
материјал;
•
Заштитни работнички панталони и платно
отпорно на сечење;
•
Заштитни чевли или чизми со ѓон,
челична предница и облога од патно
отпорно на сечење;
•
Маска за дишење, кога при работата се
создава прав (на пример, сечење на суво
дрво).
Работење
1.
Пред да почнете да работите, проверете
дали моторната пила е во соодветна
работна состојба и дека нејзината состојба
е во согласност со безбедносните
регулативи. Особено проверете дали:
•
сопирачката на синџирот работи
правилно;
•
сопирачката за намалување работи
правилно;
•
шипката и преградата на ѕвездестиот
лагер се правилно наместени;
•
синџирот е наострен и затегнат во
согласност со регулативите.
2.
Не стартувајте ја моторната пила со
капакот на синџирот поставен на него.
Ако
се стартува моторната пила со капакот на
синџирот поставен на него, тој може да биде
отфрлен нанапред и да резултира со телесна
повреда и оштетување на предметите околу
операторот.
3.
Кога го користите алатот на каллива земја,
влажна стрмнина или лизгави места,
внимавајте како газите.
4.
Не потопувајте го алатот во вирови.
5.
Не оставајте го алатот незаштитен надвор
на дожд.
Безбедност на електричните делови и
батеријата
1.
Избегнувајте опасни средини. Не користете
го алатот на влажни места и не изложувајте
го на дожд.
Ако навлезе вода во алатот, тоа
може да го зголеми ризикот од струен удар.
2.
Не фрлајте ги батериите во оган.
Ќелијата
може да експлодира. Проверете ги локалните
прописи за можни упатства за специјален
отпад.
3.
Не отворајте ги и не уништувајте ги батериите.
Електролитот што се ослободува е корозивен и
може да предизвика оштетување на очите или
кожата. Може да е токсичен ако се голтне.
4.
Не полнете ја батеријата на дожд или на
влажни места.
5.
Не полнете ја батеријата надвор.
6.
Не држете го полначот, вклучувајќи го и
приклучокот за полначот и терминалите на
полначот со влажни раце.
7.
Не заменувајте ја батеријата на дожд.
8.
Не заменувајте ја батеријата со влажни раце.
9.
Не оставајте ја батеријата на дожд и немојте
да ја полните, користите или складирате
батеријата на влажни места.
10.
Не влажете ги терминалите на батеријата
со течности како вода и не потопувајте
ја батеријата во вода.
Ако се навлажат
терминалите или навлезе течност во
батеријата, може да дојде до краток спој
на батеријата и тогаш постои ризик од
прегревање, пожар или експлозија.
11.
Откако ќе ја отстраните батеријата од
машината или полначот, прикачете го капакот
на батеријата и складирајте ја на суво место.
12.
Доколку касетата за батерија се наводени,
исцедете ја водата од внатрешноста, а
потоа избришете ја со сува крпа. Комплетно
исушете ја касетата за батерија на суво
место пред употребата.
Одржување и чување
1.
При складирање на алатот, избегнувајте
директна сончева светлина и дожд и
складирајте го на ладно и суво место.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
1.
Пред користење на касетата за батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки
за претпазливост на (1) полначот за
батеријата, (2) батеријата и (3) производот
што ја користи батеријата.
2.
Не расклопувајте ја, ниту експериментирајте
со касетата за батеријата.
Тоа може да
резултира со оган, прекумерна топлина или
експлозија.
3.
Ако оперативното времето станало
прекумерно кратко, престанете веднаш со
работа. Тоа може да резултира со ризик од
прегревање, можни изгореници, па дури и
експлозија.
Summary of Contents for UC016G
Page 2: ...2 Fig 1 1 2 3 4 5 6 11 13 15 12 9 14 16 7 8 10 Fig 2 ...
Page 3: ...3 1 1 2 3 Fig 3 1 2 Fig 4 1 2 Fig 5 1 2 Fig 6 2 3 1 2 3 1 Fig 7 1 Fig 8 ...
Page 4: ...4 1 Fig 9 1 2 Fig 10 1 Fig 11 1 Fig 12 2 1 Fig 13 2 1 3 Fig 14 1 2 Fig 15 ...
Page 5: ...5 1 Fig 16 1 Fig 17 1 2 Fig 18 1 Fig 19 1 2 Fig 20 2 3 1 Fig 21 1 2 Fig 22 ...
Page 6: ...6 1 2 3 Fig 23 1 2 Fig 24 Fig 25 Fig 26 Fig 27 Fig 28 Fig 29 ...
Page 8: ...8 30 30 55 55 Fig 38 1 2 Fig 39 30 1 5 1 Fig 40 Fig 41 Fig 42 Fig 43 1 2 Fig 44 1 2 Fig 45 ...
Page 9: ...9 1 2 Fig 46 ...