![Makita UA003G Instruction Manual Download Page 85](http://html.mh-extra.com/html/makita/ua003g/ua003g_instruction-manual_229194085.webp)
85
МАКЕДОНСКИ
Синџирот на пилата се подмачкува автоматски додека
работи алатот. Повремено проверувајте ја количината
преостанато масло во резервоарот за масло.
►
Сл.15:
1.
Резервоар за масло
За полнење на резервоарот, поставете го алатот на
рамна површина, потоа притиснете го копчето на
капачето на резервоарот за масло така што копчето
на другата страна ќе се исправи и потоа со вртење
извадете го капачето на резервоарот за масло.
Правилното количество масло е 160 мл. По
полнењето на резервоарот, проверете дали капачето
од резервоарот за масло е цврсто затворено.
►
Сл.16:
1.
Капаче на резервоарот за масло
2.
Стегнување
3.
Олабавување
НАПОМЕНА:
Доколку е тешко да се извади
капачето на резервоарот за масло, вметнете
го окастиот клуч во отворот на капачето на
резервоарот за масло и потоа извадете го
капачето на резервоарот за масло вртејќи го
налево.
►
Сл.17:
1.
Отвор
2.
Окаст клуч
По полнењето, држете го алатот подалеку од дрвото.
Стартувајте ја и почекајте додека синџирот на
пилата не се подмачка адекватно.
►
Сл.18
Прикачување на појасот за рамо
ВНИМАНИЕ:
Кога го користите алатот во
комбинација со тип на напојување од ранец
како што е пренослив пакет за напојување,
не користете го ременот за рамо вклучен
во пакувањето на алатот, туку користете го
висечкиот појас препорачан од Makita.
Ако ставате ремен за рамо вклучен во пакувањето
на алатот и ремен за рамо со тип на напојување
од ранец во исто време, вадењето на алатот или
типот на напојување од ранец е тешко при итен
случај и може да предизвика несреќа или повреда.
За препорачаниот висечки појас, прашајте го
овластениот сервисен центар на Makita.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш користете го
ременот за рамо прикачен на алатот. Пред
работа, нагодете го ременот за рамо според
величината на корисникот за да се спречи
замор.
ВНИМАНИЕ:
Пред работа, осигурете се
дека ременот за рамо е соодветно прикачен на
закачалката на алатот.
ВНИМАНИЕ:
Пред работа, осигурете
се дека токата на ременот за рамо е добро
затегната.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш користете го ременот
за рамо наменет за овој алат. Не користете
други ремени за рамо.
1.
Ставете го ременот за рамо и закопчајте ја
токата.
►
Сл.19:
1.
Тока
НАПОМЕНА:
Кога ќе го вадите ременот за рамо,
отклучете ја токата и извадете го ременот за рамо.
2.
Нагодете го ременот за рамо за удобна
работна положба.
►
Сл.20
3.
Закачете ја куката на ременот за рамо со
закачалката на алатот.
►
Сл.21:
1.
Кука
2.
Закачалка
Ременот за рамо се карактеризира со механизам
за брзо ослободување. Едноставно, стиснете ги
страните на токата за да го ослободите ременот за
рамо.
►
Сл.22:
1.
Тока
Работење со алатот
ВНИМАНИЕ:
Чувајте ги сите делови на
телото подалеку од синџирот на пилата кога
работи моторот.
ВНИМАНИЕ:
Држете го алатот цврсто со
двете раце кога работи моторот.
ВНИМАНИЕ:
Не пресегајте предалеку.
Одржувајте добра стабилност и рамнотежа со
нозете цело време.
ВНИМАНИЕ:
Кога сечете гранки,
внимавајте да не ја изгубите рамнотежата
поради тежината на главата на алатот.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш одржувајте ја рутата
за бегање во случај кога ќе падне гранка кон
операторот.
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не користете го
врвот на насочувачката шипка за сечење. Во
спротивно, може да дојде до опасен повратен
удар, а тоа може да резултира со телесна
повреда.
ЗАБЕЛЕШКА:
Никогаш не фрлајте го или не
испуштајте го алатот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не покривајте ги отворите за
вентилација на алатот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не форсирајте го алатот.
Во
спротивно, тоа може да го оштети алатот.
Стојте на стабилна површина и држете го алатот
подалеку од гранките така што аголот на алатот ќе
биде 60° или помал во однос на хоризонталната
подлога.
►
Сл.23:
1.
60° или помалку
Стартувајте го алатот и потоа лесно притиснете го
синџирот на пилата врз гранката.
Кога сечете долги гранки, за да се контролира
позицијата на паѓањето на исечените гранки,
поделете ја гранката на делови и сечете ја од врвот.
Внимавајте на гранките што паѓаат бидејќи може да
отскокнат во насока на операторот откако ќе удрат
во земјата.
►
Сл.24
Кога сечете дебели гранки, прво направете плиток
засек од долната страна, а потоа, извршете го
завршното сечење од горната страна.
►
Сл.25
Summary of Contents for UA003G
Page 2: ...2 3 1 2 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 Fig 1 2 3 1 1 Fig 2 1 2 Fig 3 1 2 Fig 4 ...
Page 3: ...3 2 1 Fig 5 2 3 1 Fig 6 1 Fig 7 1 2 Fig 8 1 2 3 4 Fig 9 1 Fig 10 2 1 Fig 11 1 Fig 12 ...
Page 4: ...4 1 2 3 Fig 13 1 Fig 14 1 Fig 15 1 2 3 Fig 16 1 2 Fig 17 Fig 18 ...
Page 5: ...5 1 Fig 19 Fig 20 2 1 Fig 21 1 Fig 22 1 Fig 23 Fig 24 1 2 Fig 25 Fig 26 ...
Page 6: ...6 1 2 Fig 27 1 2 Fig 28 1 2 Fig 29 1 Fig 30 1 Fig 31 1 2 Fig 32 ...
Page 8: ...8 1 2 Fig 41 2 1 Fig 42 ...