69
МАКЕДОНСКИ
РАБОТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш не би
требало да се применува сила врз алатот.
Тежината на алатот нанесува доволно притисок.
Додавањето сила и прекумерен притисок може да
предизвикаат опасно кршење на тркалото.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
СЕКОГАШ
заменувајте го тркалото ако алатот ви падне
при брусење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НИКОГАШ не
удирајте ја плочата или тркалото за брусење на
материјалот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Избегнувајте
отскокнување и заглавување на тркалото,
особено кога работите на агли, остри рабови и
сл.
Така може да изгубите контрола и да дојде до
повратен удар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НЕ КОРИСТЕТЕ
ГО алатот со сечила за дрворез и други
пили за дрво.
Таквите сечила, кога се користат
со брусилка, често удираат и предизвикуваат
губење контрола, што може да доведе до телесна
повреда.
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не вклучувајте
го алатот кога е во контакт со работниот
материјал, во спротивно може да дојде до
повреда на операторот.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш носете заштитни
очила или маска за заштита на лицето при
работата.
ВНИМАНИЕ:
По работата, секогаш
исклучувајте го алатот и почекајте додека
тркалото не сопре сосема пред да го одложите
алатот.
ВНИМАНИЕ:
СЕКОГАШ држете го алатот
цврсто со едната рака за куќиштето и со
другата на страничниот држач (рачка).
Брусење и шмирглање
►
Сл.22
Вклучете го алатот и потоа, ставете ги тркалото или
дискот во работниот материјал.
По принцип, одржувајте го работ од тркалото
или дискот под агол од околу 15° во однос на
површината на работниот материјал.
За време на првичниот период на користење
ново тркало, не работете со брусилката во насока
нанапред бидејќи ќе засече во работниот материјал.
Штом работ на тркалото ќе се заобли од употребата,
со тркалото може да се работи во двете насоки,
нанапред и наназад.
Работа со тркало за абразивно
сечење/дијамантско тркало
Опционален прибор
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не заглавувајте
го тркалото и не притискајте прекумерно.
Не обидувајте се да сечете предлабоко.
Пренапрегнувањето на тркалото го зголемува
оптоварувањето и можноста за извиткување или
лепење на тркалото во засекот и можностаза
повратен удар, кршење на тркалото и прегревање
на моторот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не почнувајте со
сечењето повторно додека тркалото е во
материјалот. Оставете го тркалото да достигне
максимална брзина и внимателно влезете
во засекот, движејќи го алатот напред преку
површината на материјалот.
Тркалото може
да осцилира, да излезе или да удри наназад ако
алатот се стартува во материјалот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
За време на
сечењето, не менувајте го аголот на тркалото.
Ако се притиска странично на тркалото за сечење
(при брусење) може да дојде до пукање или
кршење на тркалото, што може да предизвика
тешки телесни повреди.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Со дијамантското
тркало треба да се работи вертикално врз
материјалот за сечење.
Пример за користење: работење со абразивно
тркало за сечење
►
Сл.23
Пример за користење: работење со дијамантско тркало
►
Сл.24
Операции со испакната жичена четка
Опционален прибор
ВНИМАНИЕ:
Проверете ја функционалноста
на четката оставајќи го алатот да работи без
оптоварување, осигурувајќи дека нема никој
пред или во линија со четката.
ЗАБЕЛЕШКА:
Избегнувајте преголем
притисок при користење на испакната жичена
четка со што може да се извиткаат жиците.
Со
тоа може предвремено да се искршат.
Пример за користење: работење со испакната
жичена четка
►
Сл.25
Операции со кружна жичена четка
Опционален прибор
ВНИМАНИЕ:
Проверете ја
функционалноста на жичената четка оставајќи
го алатот да работи без оптоварување,
осигурувајќи дека нема никој пред или во
линија со четката.
Summary of Contents for GA036GZ
Page 2: ...2 3 1 1 Fig 1 1 2 Fig 2 1 Fig 3 1 2 Fig 4 Fig 5 1 3 2 Fig 6 2 ...
Page 3: ...1 2 A B B Fig 7 1 2 A B B B C C Fig 8 3 2 4 1 Fig 9 2 1 Fig 10 2 3 4 1 Fig 11 3 ...
Page 5: ...1 Fig 20 1 Fig 21 Fig 22 Fig 23 Fig 24 Fig 25 Fig 26 2 1 Fig 27 5 ...
Page 6: ...1 Fig 28 1 2 5 2 2 11 12 4 3 5 6 7 8 9 10 13 3 14 5 3 Fig 29 6 ...