61
МАКЕДОНСКИ
Индикаторски ламбички
Преостанат
капацитет
Запалено
Исклучено
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
НАПОМЕНА:
Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА:
Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Систем за заштита на машината/
батеријата
Машината е опремена со систем за заштита на
машината/батеријата. Овој систем автоматски
го прекинува напојувањето на моторот за да
го продолжи работниот век на машината и на
батеријата. Машината автоматски ќе се исклучи
за време на работењето ако тој или батеријата се
најдат под еден од следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со машината или батеријата се ракува на
начин што предизвикува повлекување нетипично
висока струја, машината автоматски се исклучува
и ламбичката за режим 1 трепка зелено. Во
таква ситуација, исклучете ја машината и
запрете со примената што предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, вклучете ја машината за
да се рестартира.
Заштита од прегревање
Кога машината или батеријата се прегреани,
машината автоматски ќе запре и ламбичката
за режим 1 ќе се запали црвено. Во овој случај,
оставете ги машината и батеријата да се оладат
пред повторно да ја вклучите машината.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата не е доволен,
машината автоматски ќе запре и ламбичката за
режим 1 трепка црвено. Во овој случај, извадете ја
батеријата од машината и наполнете ја.
Прекинувач за главно напојување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Секогаш
исклучувајте го прекинувачот за главно
напојување кога не се користи.
За да ја вклучите машината, притиснете го
прекинувачот за главно напојување. Ламбичките
за режим 1 и режим 2 ќе се запалат зелено.
За исклучување, продолжете да го притискате
прекинувачот за главно напојување додека
ламбичките за режим 1 и режим 2 не се изгасат.
►
Сл.20:
(1)
Ламбичка за режим 1
(2)
Ламбичка
за режим 2
(3)
Прекинувач за главно
напојување
Може да ја користите машината во режим на
смукање. Во режимот на смукање, волуменот на
смукање станува помал од нормалниот режим.
Кога ќе ја вклучите машината, таа стартува во
нормален режим. За да ја користите машината во
режим на смукање, притиснете го прекинувачот
за главно напојување кога машината е вклучена.
Ламбичката за режим 2 се гаси и само ламбичката
за режим 1 ќе се запали зелено. Кога повторно ќе
го притиснете прекинувачот за главно напојување,
машината се враќа во нормален режим, а ламбичките
за режим 1 и режим 2 ќе се запалат зелено.
НАПОМЕНА:
Ламбичката за режим 1 трепка
зелено доколку со машината се работи во
неоперативни услови. Ламбичката трепка под
еден од следниве услови.
•
Прекинувачот за стартување е повлечен кога
завртката на капакот на вентилаторот или
цевката за смукање не се цврсто затегнати
или кога завртката на цевката на дувалката
или коленото не е цврсто затегната.
•
Машината е вклучена кога контролниот лост
не е целосно вратен во исклучена положба
или додека го повлекувате прекинувачот за
стартување.
НАПОМЕНА:
Оваа машина има вградена
функција за автоматско исклучување. За
избегнување на ненамерното стартување,
прекинувачот за главно напојување автоматски ќе
се исклучи кога прекинувачот за стартување не се
повлекува определено време по вклучување на
прекинувачот за главно напојување.
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Пред да ја
вметнете касетата за батерија во машината,
секогаш проверувајте дали прекинувачот за
стартување функционира правилно и дали
се враќа во положбата ИСКЛУЧЕНО кога ќе се
отпушти.
►
Сл.21:
1.
Прекинувач
За вклучување на машината, едноставно повлечете
го прекинувачот за стартување. Брзината се
зголемува со зголемување на притисокот на
прекинувачот за стартување. Отпуштете го
прекинувачот за стартување за да сопре.
Summary of Contents for DUB363
Page 2: ...1 2 1 Fig 1 1 2 Fig 2 1 2 Fig 3 1 2 3 Fig 4 2 ...
Page 3: ...2 1 3 Fig 5 1 1 Fig 6 1 Fig 7 1 Fig 8 1 2 3 3 Fig 9 1 2 3 Fig 10 3 ...
Page 4: ...1 2 3 Fig 11 1 2 Fig 12 2 3 1 Fig 13 1 2 1 Fig 14 4 ...
Page 5: ...1 2 Fig 15 1 2 1 3 4 Fig 16 1 2 3 4 Fig 17 1 2 3 Fig 18 1 2 Fig 19 5 ...
Page 6: ...2 1 3 Fig 20 1 Fig 21 1 Fig 22 1 Fig 23 Fig 24 1 4 3 2 Fig 25 1 Fig 26 6 ...
Page 7: ...1 Fig 27 7 ...
Page 106: ...106 ...
Page 107: ...107 ...