![background image](http://html1.mh-extra.com/html/makita/dtw301z/dtw301z_instruction-manual_4271033051.webp)
51
МАКЕДОНСКИ
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Секогаш вметнувајте ја
касетата со батерии до крај додека не се
блокира во место.
Ако можете да го видите
црвениот индикатор на горната страна од
копчето, тоа значи дека не е целосно блокирана
во место. Вметнете ја целосно додека не се
прекрие црвениот индикатор. Во спротивно, може
ненадејно да испадне од алатот предизвикувајќи
ви повреда вам или на некој друг околу вас.
►
Сл.14
Цврсто држете го алатот и поставете го приклучокот
за удар над завртката или навртката. Вклучете го
алатот и стегајте толку време колку што е наведено.
Правилниот вртежен момент за стегање зависи
од видот или големината на завртката, работниот
материјалот што треба да се прицврсти и сл.
Односот помеѓу вртежниот момент за завртување и
времето на стегање е прикажан во дијаграмите.
Точен вртежен момент за стандардна завртка
0
(2447)
(2039)
(1631)
(1223)
(815)
(407)
240
200
160
120
80
40
2
(kgf•cm)
N•m
1
2
1
M20
M16
M16
M20
M12
M12
1.
Време за стегање (секунди)
2.
Вртежен момент
Точен вртежен момент за завртка со голема
издржливост на затегнување
(kgf•cm)
N•m
0
2
3
1
M12
M14
M16
M12
M14
M16
1
2
(2855)
280
(2447)
(2039)
(1631)
(1223)
(815)
(407)
240
200
160
120
80
40
1.
Време за стегање (секунди)
2.
Вртежен момент
НАПОМЕНА:
Држете го алатот насочен право кон
завртката или навртката.
НАПОМЕНА:
Преголем вртежен момент за
стегање може да ги оштети завртката/навртката
или приклучокот за удар. Пред да започнете
со работа, секогаш направете тест за да го
определите правилното време за стегање на
завртката или навртката.
НАПОМЕНА:
Ако алатот работи континуирано
додека батеријата не се испразни, оставете го
да се одмори 15 минути пред да продолжите со
свежа батерија.
Вртежниот момент за стегање зависи од многу
фактори, вклучувајќи ги и следниве. По стегањето,
секогаш проверете го вртежниот момент со
динамометарски клуч.
1. Кога батеријата е скоро целосно испразнета,
напонот ќе падне и моментот на затегнување
ќе се намали.
2. Приклучок за удар
•
Ако не користите приклучок за удар со
правилна големина, вртежниот момент за
стегање може да се намали.
•
Изабен приклучок за удар (со изабени
краеви на шестоаголникот или квадратот)
може да предизвика намалување на
вртежниот момент за стегање.
3. Завртка
•
Иако коефициентот на вртежниот
момент и класата на завртката се исти,
правилниот вртежен момент за стегање ќе
се разликува во зависност од дијаметарот
на завртката.
•
Иако дијаметрите на завртките се
исти, правилниот вртежен момент за
стегање ќе се разликува во зависност
од коефициентот на вртежниот момент,
класата на завртката и должината на
завртката.
4. Користењето универзален зглоб или
продолжно вратило донекаде може да ја
намали силата за стегање на ударниот
одвртувач. Тоа ќе го надоместите, така што ќе
стегате подолго време.
5. Начинот на држењето на алатот или положбата
на завртката во однос на материјалот ќе
влијаат врз вртежниот момент.
6. Ракувањето со алатот при ниска брзина ќе
предизвика намалување на моментот на
затегнување.